Папата се сретна со италијанскиот претседател Наполитано
Папата Фрањо се сретна во четврток 14 ноември со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано и со членови на италијанската влада.
Во својот говор упатен до претседателот Наполитано, папата ги допре социјалните и економските проблеми со кои се соочува Италија, како што е невработеноста и ги поттикна државните институции силно да го подржат семејството.
Исто така сакам да чукнам на секој дом во Италија, секогаш нудејќи нови и исцелителни зборови од Евангелието, пренесува Радио Ватикан. Меѓу другото Светиот Отец ја истакна важноста за соработка помеѓу Црквата и државата.
Папата Фрањо се присети на своите италијански корени и изрази надеж дека оваа земја повторно ќе ги пронајде „креативноста и слогата“, кои се потребно за нејзин развој.
Потоа папата Фрањо се присети и на своите пасторални патувања во Италија –Лампедуза, Калгари и Асизи и истакна дека на тие места со рака ги допре раните кои денес ги носат многу луѓе.
Освен тоа, истакна Светиот Отец, семејството е во центарот на надежта и општествените потешкотии. Црквата продолжува да поттикнува луѓе, поединци и институции да се заземат во подршката на семејствата, кое што е прво место каде се обликува и развива човечкото битие.
На семејството му е потребна стабилност и признавање на взаемните врски, за да може во потполност да ја развие својата незаменлива задача и да го оствари своето послание.
На крајот Светиот Отец истакна дека Црквата своите сили ги става на располагање на општеството и истовремено бара семејството да биде ценето, вреднувано и заштитено, за да може да го оствари своето послание во општеството.
го*ко