Папата се сретна со евангелските заедници

На евангелскиот теолошки факултет во Бангу, Светиот Отец на 29 ноември се сретна со евангелските заедници во Централноафриканската Република.

Во краткиот говор Светиот Отец го истакна заедничкото служење на воскреснатиот Христос и крштението по кое сме повикани на народот на Централноафриканската Република да му ја навестуваме евангелската радост.

Осврнувајќи се на тешката состојба во државата, Папата рече дека централноафриканското население долго време страда поради вооружените судири; поради тоа навестувањето на евангелието е уште попотребно и поитно. Христос трпи со оние што трпат, а Бог не ги разликува оние кои трпат. Често сум го споменувал екуменизмот со крв, а сите наши заедници страдаат поради слепата омраза што ја распространува ѓаволот. Заедничкото страдање и послание можат да бидат повод за заеднички од на патот кон единството, забележа Светиот Отец додавајќи:

Драги пријатели, поделбата меѓу христијаните е соблазна, бидејќи е против Божјата волја сите да бидеме едно. Соблазна е и пред големата омраза и насилство на кои е изложено човештвото и пред многуте спротивставености кои се издигнуваат пред Христовото евангелие. Затоа, почитувајќи го духот на взаемното почитување меѓу христијаните во оваа земја, ве поттикнувам да одете по патот на службата на заедничката љубов. Тоа е сведочење за Христос, кој гради единство, заврши Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот