Во доцните попладневни часови во четртокот на 4 март папата Фрањо традиционално се помоли пред Богородичната икона Salus Populi Romani во базиликата Света Марија Велика во Рим, положи цвеќе и на нејзиниот заговор го довери своето патување во Ирак, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Триесет и третото патување на Папата во странство и прва посета на Папа на Ирак вклучува две свети Литургии, средба со христијаните и со високи претставници на исламот, меѓурелигиска средба и молитва за жртвите на војната. Папата покрај Багдада, ќе ги посети Наџаф, Ур, Ербил, Мосул и Каракош и вклупно со молитвата и двете хомилии ќе одржи четири говора.
Ирак е 50 земја која папата Фрањо ја посетува во својот досегашен речиси осумгодишен понтификат. Но, тоа воедно е и историска апостолска посета од војната обележана и поделена исламска земја во која доаѓа како „поклоник на надежта и мирот“, како што е истакнато и во видео пораката до ирачкиот народ. Посетата ќе се одвива во сложени безбедносни и епидемиолошки услови.
Од распадот на диктаторскиот режим на Садам Хусеин во 2003 година мнозинството од некогашните 1,5 милиони христијани побегнаа или мигрираа. Се проценува дека денес меѓу 39 милиони жители има околу 200 до 400 илјади.
Ватикан њуз/к.мк