Папата Фрањо 40 години по нивната смрт потсетина храбрите мисионерки кои беа брутално убиени во Ел Салвадор, посветувајќи се им го олеснат животот на оние кои страдаа од граѓанската војна.
Сакам да ја загарантирам мојата молитва за Нигерија, која за жал повторно е завиена во црно поради маскарот извршен од терористи. Минатата сабота, на североистокот на земјата, брутално се убиени повеќе од стотина земјоделски работници. Бог нека ги прими во својот мир и нека ги утеши членовите на нивните семејства и нека ги преобрати срцата на оние кои вршат ужасни работи, со кои се осквернува неговото име.
Денес се одбележува четириесетгодишнината од смртта на четворицата северноамерикански мисионерки убиени во Ел Салвадор: сестрите Мерикнол Ита Форд и Маура Кларк, сестрата Урсулинка Дороти Казел и волонтерката Жеан Донован. На 2 декември 1980 година, беа киднапирани, силувани и убиени од припадници паравоени сили. Тие ја извршуваа својата служба во Ел Салвадор за време на Граѓанската војна. Со евангелска посветеност и изложување на големи опасности, носеа храна за бегалците и им помагаа на најсиромашните семејства. Овие жени ја живееја својата вера со голема великодушност. Тие се пример за секого што значи верни ученици мисионери.
Ватикан њуз/к.мк