Папата се заблагодари на колумбиската војска и полиција

Папата се заблагодари на колумбиската војска и полиција

Третиот ден од престојот на Папата во Колумбија, започна рано. Во 7.50 часот според локално време, Папата отпатува од воениот аеродром во Богота, и по четириесет минути пристигна на аеродромот во Вилавичесио.

Пред влегувањето во авионот Светиот Отец импровизирајќи, ги поздрави присутните војници, полицајци и капелани.

Сакам да ви се заблагодарам – рече за сè што направивте, и што и понатаму правите овие денови во текот на мојата посета. Сето тоа е дополнителна работа… Но, најмногу од сè сакам да ви се заблагодарам за она што го направивте и што го работите за мирот, ставајќи го во опасност и сопствениот живот.

Папата Фрањо потсети дека токму тоа го направил Исус: Нè помири со Отецот; го ризикуваше и го даде својот живот. По тоа сте уште повеќе Исусови браќа: да се ризикува сопствениот живот за да се постигне мир – истакна Папата и на присутните им посака да постигнат цврст мир во таа земја која – како што рече – заслужува. На крајот ги повика сите во тишина да се помолат за загинатите и ранетите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот