Папата Лав XIV продолжува да закрепнува, служеше света Литургија за персоналот на „Џемели“

Папата Лав XIV продолжува да закрепнува, служеше света Литургија за персоналот на „Џемели“

На четвртиот ден од престојот во болницата „Џемели“, здравствената состојба на папата Лав XIV продолжува да се подобрува, соопшти во петокот, 16 октомври 2026 година, Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Лекарите на Папата, д-р Луиџи Карбоне и професор Стефано Маргаритора, информираа дека новите крвни анализи и рендгенската снимка на градниот кош го потврдиле „постојаното подобрување на неговата општа здравствена состојба“.

Папата продолжува со респираторна физиотерапија, а постоперативното закрепнување му овозможува целосно самостојно да ги извршува своите вообичаени секојдневни активности.

Во текот на денот папата Лав XIV служеше и света Литургија во просторијата подготвена за таа цел на десеттиот кат од болницата „Џемели“, при што самиот делеше Света Причест.

На светата Литургија присуствуваа членови на медицинскиот и болничарскиот персонал, како и припадници на Жандармерискиот корпус на Државата Ватикан.

Во проповедта Папата им се заблагодари на лекарите, медицинските сестри и останатиот персонал за нивната секојдневна грижа за пациентите, а посебно за сè што направиле и продолжуваат да прават за него.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти и дека неделната пладневна молитва „Ангел Господов“, која вообичаено ја предводи Папата, ќе се одржи.

Ватикан њуз/к.мк

За авторот