Папата се заблагодари на аргентинскиот народ

Папата се заблагодари на аргентинскиот народ

Папата Фрањо упати писмо до аргентинскиот народ во кое се заблагодарува на своите сонародници на добрите желби по повод петгодишнината од неговиот понтификат. Светиот Отец пишува за својата голема и интензивна љубов кон Аргентина, за која секојдневно се моли. Исто така побара простување од оние кои можеби ги има повредено со некои свои дела. Иако Бог ми довери вака важна задача и при тоа ми помага, сепак ме нема ослободено од човечките слабости.

Писмото кое на барање од Папата го објави Аргентинската бискупска конференција, Светиот Отец ги повикува сонародниците да учествуваат во неговото послание кога им предлага: Ако некогаш сте задоволни со работите кои ги правам добро, би сакал да се чувствувате дека се ваши. Вие сте мој народ, народ кој ме воспита, ме подготви и ме принесе да служам на другите… Сетете се дека Господ повика еден од вас да донесе порака на верата, милосрдието и братството во многу краеви на земјата.

Потоа папата Фрањо ги повика Аргентинците да бидат канали на добрини и убавина како би можеле да дадат свој придонес во одбрана на животот и правдата, сеејќи мир и братство, унапредувајќи го светот и грижејќи се за најслабите. Папата го завршува писмото повикувајќи ги верниците да се молат за него, а оние кои не веруваат да му посакаат добри работи.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот