Папата прогласи Јубилеј на милосрдието

Предводејќи ја првата Вечерна Недела на Божјото милосрдие, папата Фрањо на 11 април објави була насловена како„Misericordiae vultus“ со која прогласи Јубилеј на милосрдието.

Во текот на свечениот обред кој попладне започна во базиликата Свети Петар, Папата Фрањо на 11 април објави була со која прогласи Јубилеј на милосрдието. После читањата пред Светите врати на ватиканската базилика на неколку делови од булата насловени како „Misericordiae vultus“, Светиот Отец ја предводеше првата Вечерна недела на Божественото милосрдие, и на шестмина претставници од Црквата од целиот свет им даде по еден примерок од документот.

Празникот на Божјото милосрдие неразделно е поврзан со свети Иван Павле II кој го востановил, како и со харизмата на света Фаустина Ковалска која ја поттикнала побожноста на Божјото милосрдие. Божјото милосрдие секогаш предизвикувало голема радост во срцата на сите верници, бидејќи од Божјото милосрдие потекуваат бескрајни милости; но, ова е година на радост уште повеќе заради тоа Светата година се свика на првата Вечерна на тој празник – рече во разговор за Радио Ватикан монсињор Јозеф Барт, ректор на универзитетот на Божјото милосрдие во Рим.

Напоменувајќи дека свети Иван Павле II ни остави големо наследство кое е содржано во чинот на посветување на Божјото милосрдие, кое Иван Павле II го објави на 17 август 2002 година во Краков, монсињор Барт истакна дека со тој чин тој го повика целиот човечки род , сите жители на нашата планета да го доживеат искуството на тоа милосрдие. Фактот дека папата Фрањо прогласува Година на милосрдието е одговор на тој чин на посветување, бидејќи Јубилејот на милосрдието ќе овозможи таа порака навистина да стигне до сите луѓе со добра волја на земјата.

На новинарско прашање како да се доживее Божјото милосрдие, Неговото простување значи исто така повторно да ја откриеш светата Тајна Помирување, монсињор Барт истакна дека Божјото милосрдие го отвора човечкото срце за светата Тајна Помирување. Тоа милосрдие може да се допре со рака и секој грешник, секој маргинализиран човек, оној кој кажувајќи човечки веќе е осуден има можност да се подигне и да стане свет затоа што Божјото милосрдие ги простува сите гревови – истакна ректорот на универзитетот на Божјото милосрдие во Рим.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот