Среќавајќи се со учесниците на 94 Генерално собрание на Унијата на делата за помош на Источните Цркви, папата Фрањо го спомна трпењето и конфликтите кои се закануваат на сегашноста и иднината најмногу на земјите на Блискиот Исток и во Африка.
Четиридневното Генерално собрание на агенциите и делата собрани во Унијата на дела за помош на Источните Цркви (ROACO) заврши со аудиенција кај Светиот Отец. Во говорот до нејзините членови папата Фрањо се осврна на црковните и географските реалности кои се закануваат или кои веќе ги потресоа воените конфликти. На почетокот на говорот го спомна Ирак земја поврзана со остварената желба односно со апостолското патување на кое беше од 5 до 8 март оваа година. Потсети исто така на состојбата во Еритреја и на сериозната криза во Либанон кои се во фокусот на интересирање на овогодинешните состаноци на унијата. Притоа посебно поттикна на молитва за земјата на кедрите на 1 јули заедно со поглаварите на христијанските Цркви.
Папата своите мисли ги упати и до Светата Земја, жителите на Израел и Палестина за кои изрази надеж. Секогаш сонуваме дека на небото ќе се протегне лакот на мирот кој Бог го даде на Ное како знак на сојузот помеѓу небото и земјата и мирот меѓу луѓето – рече Папата и додаде, меѓутоа премногу често дури и неодамна тоа небо е избраздено од бомбите кои донесуваат уништување, смрт и страв.
Крикот кој доаѓа од Сирија секогаш е присутен во Божјото срце. Но, изгледа – истакна Папата, дека не успеава да го допре срцето на луѓето во чии раце е судбината на народите. Наследството – како што рече, на конликти и насилство е драматично; останува скандал десетгодишниот конфликт, милиони внатрешно раселени и надворешни бегалци, жртви, потреба за обнова која и понатаму е заложник на пристрасни логики и недостаток на храбри одлуки за доброто на таа измачена нација.
Светиот Отец потоа потсети дека Унијата за дела за помош на Источните Цркви во своите размислувања ја разгледуваа црковната состојба во Етиопија, Ерменија и Грузија. (…)
Преку вас сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ги поддржуваат вашите проекти и кои ги прават возможни; станува збор често за едноставни верници, семејства, парохии, волонтери… кои знаат дека „сите се браќа“,„tutti fratelli“, и малку од своето време и од своите средства посветуваат на реалностите за кои вие се грижите.(…)
Ватикан њуз/к.мк