Луѓето многу пати наидуваат на тажни свештеници… Никогаш немојте да ја загубите радоста да се биде свештеник – истакна папата Фрањо за време на средбата со свештениците, лицата со посветен живот и преставници лаици пред катедралата во италијанскиот град Чезена.
Во својот говор, Папата ја поттикна Црквата повеќе да се грижи за младата генерација: Заблагодарувајќи на Бог младите се луѓе, живиот дел на Црквата – рече Светиот Отец. Следната Епископска синода директно ги вклучува младите. Црквата смета на нив и познат ѝ е нивниот голем потенцијал, нивната надареност за доброто, убавото, вистинската слобода и правда.
Папата Фрањо рече дека дијалогот меѓу генерациите може да биде плодоносен како за Црквата, така и за општеството. Соочена со културата на младите која е одредена од субјективноста и егозимот, Црквата може силно да го упати својот поглед на младите луѓе, на ближниот. Пред сè, старите луѓе и нивното животно искуство можат да го дадат тоа насочување. Затоа Папата повика Црквата да ја промовира таа меѓугенерациска средба.
Потребно е повторно да се иницира дијалот меѓу младите и старите – продолжи Светиот Отец. Старите луѓе одат во пензија, но нивното послание не оди во пензија, и тие можат со животната мудрост да ги поддржуваат младите. Старите сонуваат, младите менуваат! Ве молам, погрижете се за тоа да се овозможи тој дијалог!
Освен грижата за младите, Црквата исто така мора да се грижи за семејствата. Господ нè повикува на таа работа – рече Светиот Отец – посебно во ова време кое е тешко за семејството, како институција и јадро на општетсвото, како и за конкретното семејство кое мора да носи голем дел од општествено-економската криза, а притоа не добива соодветна помош.
Папата Фрањо упати барање работата да биде пријателски настроена кон семејството. Имено, од родителите, посебно татковците знае да се слушне дека речиси не ги гледаат своите деца заради долгото работно време. Таа општетсвено-економска ситуација спречува добар однос помеѓу родителите и нивните деца. Треба да работиме на тоа за да не се случува такво нешто, родителите да можат да го „губат“ времето играјќи си со своите деца – рече Папата.
Потоа се обрати на свештениците. Фокусирајќи се на евангелизацијата, Светиот Отец ги поттикна повторно да ја откријат радост што се свештеници. Колку само тажни свештеници луѓето можат да видат – продолжи – Понекогаш помислувам: „Што си доручкувал за да изгледаш така?“ Не, потребна е радост да се биде свештеник! Радоста кога денот ќе го завршиме изморени и да не мораме да земеме таблети за да можеме да заспиеме.
За да се направи евангелизацијата делотворна, папата Фрањо понуди неколку практични совети. Евангелизацијата е делотворна до она мера до која постои искрена соработка меѓу различните црковни движења и институции. Црква која оди во братство и заедништво, нуди делотворно сведоштво на верата. Кога љубовта кон Христос е над сè, сите легитимни потреби се ставаат на страна за да се задоволат потребите на браќата и секогаш во Христос.
Понатаму, важно е да се биде чувствителен за потребите на сиромашните. И денес се видливи Исусовите повреди на многу браќа и сестри кои живеат на периферијата на општетството: обележани со страдање, непријатност, напуштеност и сиромаштво. Грижејќи се за нивните телесни и духови потреби, стануват прочистени и пробразени од Божјото милосрдие – рече Папата.
Светиот Отец понатаму истакна дека е неопходно да одвоиме време за молитва и размислување за Словото Божјо, бидејќи молитвата дава сила на нашето послание како што докажува примерот на света Мајка Тереза. Тој објасни дека постојаната средба со Господ во молитвата станува важна за свештениците, лицата со посветен живот и пасторалните работници кои се повикани да одат на периферијата. Нашата длабока средба со Господ ќе ни помогне да го видиме Исус кој се среќавал со луѓето на улиците во Галилеја и да го гледаме во очи другиот со почит и љубов и да создадеме револуција на нежност – истакна папата Фрањо.
Папата по завршетокот на говорот се обрати на присутните млади кои се собраа пред катедралата и ги поттикна да разговараат со старите и да ги слушат. Така ќе станете револционери – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк