Папата повика на молитва за жртвите од терористичките напади во Пакистан, Австралија и Јемен

За време на Генералната аудиенција во среда 17 декември папата Фрањо повика на молитва за жртвите од терористичките напади во Пакистан, Австралија и Јемен.

„Сега ве молам за момент на тишина, а потоа со молитвата Оче наш сакам заедно со вас да се помолам за жртвите на нечовечките терористички напади направени во последните неколку дена во Австралија, Пакистан и Јемен. Нека Господ ги прими покојните во својот мир, да подели утеха на членовите на нивните семејства и да ги обрати насилните срца кои не запираат, дури и пред децата. Да ја испееме Оче наш барајќи ја таа милост.“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот