Папата повика на молитва за жртвите од поплавите на Балканот
По молитвата Царице Небеска, во недела 18 мај 2014 година Светиот Отец потсети на големите поплави на Балканот, посебно истакнувајќи ги оние на подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина.
Додека жртвите од несреќата ги доверувам на Господа, сакам посебно да ја истакнам мојата близина со сите оние што ги проживуваат овие моменти на тешкотии и невољи. Папата, притоа ги поттикна присутните на молитва до Богородица за настраданите, предводејќи една Радувај се Маријо.
РВ/к.мк
Категорија:
Ватикан