Во Ватикан презентирани два документи за борба против трговијата со луѓе

Во Ватикан презентирани два документи за борба против трговијата со луѓе

На 17 јануари 2019 година од Оделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој се претставени документите „Пасторални насоки за трговијата со луѓе“ и „Светла на патеките на надежта. Учењето на папата Фрањо за мигрантите, беглаците и трговијата со луѓе“.

Документите се објавени и во дигитален облик на повеќе јазици и во повеќе формати, а се достапни на официјалните интернет страници на Дикастеријата.

На презентацијата на документите учествуваа: префектот на Дикастеријата за комуникација Паоло Руфини, потсекретарот на Оделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој о. Фабио Баџо, ЦС и заменик секретарот на Оделот за мигранти и бегалци од истата Дикастерија о. Михаел Черни, СИ.

Претставени се документите „Пасторални насоки за трговијата со луѓе“ (Pastoral Orientations on Human Trafficking) и „Светла на патеките на надежта. Учењето на папата Фрањо за мигрантите и бегалците и трговијата со луѓе.“

„Папата Фрањо никогаш не ја криел својата голема загриженост заради феноменот со трговијата со луѓе, чии жртви се милиони мажи, жени и деца кои можат да се вбројат меѓу најмногу дехуманизирани и најмногу отфрлени луѓе во светот денес,“ пишува о. Фабио Баџо и о. Михаел Черни во предговорот на документот „Пасторалните насоки за трговијата со луѓе“ претставен во Ватикан. Документот е резултат на процесот на советување со епископските конференции, католички организации и монашки заедници и во него се претставени серија пасторални насоки за разбирање, препознавање, спречување и искоренувањето на трговијата со луѓе, заштитата на жртвите и промовирање на нивна рехабилитација.  Документот е упатен до „бискупиите, парохиите и верските заедници, училиштата, католичките организации и други организации во цивилното општество и до секоја друга група која може да се ангажира во таа област.“ (…)

Вистина е дека миграцијата раѓа предизвици и страдања и ги збогатува нашите заедници, локалните Цркви и општетсвото на сите континенти, пишува папата Фрањо во воведот на книгата „Светло на патеките на надежта.“

Остарените Аврам и Сара ја напуштаат својата татковина како одговор на Божјите ветувања – наведува Папата и забележува дека луѓето се селат во потрага за подобрување на сопствените животни услови и за подобра иднина на децата и семејството. Тој длабок стремеж придвижил милиони луѓе во текот на вековите. Нивниот пат не секогаш бил најсреќно искуство. Доволно е да се помисли на стравовите кои ги доживуваат жртвите на трговијата со човечки битија, пишува Папата. Постојат драматични егзодуси на бегалци, искуство кое го доживеал и самиот Исус Христос со своите родители уште на почетокот на својот земски живот, кога морале да бегаат во Египет за да го избегнат убиствениот бес на Ирод. (…)

И денес миграцијата иако создава предизвици, тага и неволји, ги збогатува нашите заедници, локалните Цркви и општеството на сите континенти, истакнува Папата во збирката на документите за мигрантите, бегалците и трговијата со луѓе. Благодарение на Божјата нежност и милосрдие, Захарија пророкувал дека Господ ќе нè посети за да ги насочи нашите чекори на патот кон мирот.

Папата на крајот изразува надеж дека Бог навистина ќе ги расветли нашите чекори на патот на надежта, вдахнувајќи нè и поттикнувајќи нè на молитва, проповедање и пасторално делување.

Ватикан њуз/к.мк

Фото:Peter Weidemann, преземена од: Pfarrbriefservice.de

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот