Папата Павле VI ќе биде прогласен за блажен
Папата Павле VI (Џовани Батиста Монтини 1897- 1978) ќе биде прогласен за блажен на 19 октомври, објави Канцеларијата за печат на Светата Столица на 10 мај 2014 година. Папата Фрањо во петок на 9 мај попладне го прими префектот на Конгрегацијата за прогласување на блажени и свети кардинал Анџело Амато и ја овласти Конгрегацијата да објави декрет за чудото по заговор на Павле VI. Станува збор за оздравување на уште неродено дете во САД во 2001 година.
Папата Монтини го донесе до крај Вториот Ватикански собор и ја водеше Црквата „мудро и далекувидно, донесувајќи од љубов кон вистината и тешки одлуки“, рече Бенедикт XVI за Павле VI по повод 31 годишнина од неговата смрт. Неговиот, повеќе пати повторуван, пророчки повик за обнова на светот, измачен од немири и насилство по пат на „цивилизација на љубовта, се раѓа од неговата потполна доверба во Исус, Откупителот на човекот. Од учителството на Павле VI се истакнуваат енцикликите Човечкиот живот (Humanae vitae) и Напредок на народите (Populorum progressio). Во првата порачува дека слободата треба да ја поврземе со вистината и тоа пред непроценливиот дар на човечкиот живот, а во втората истакнува дека вистинскиот развој е новото име на мирот. За развојот да биде вистински, тој треба да биде целосен, што значи насочен кон промовирање на секој човек и целиот човек.
РВ/Д.И.