Папата: Парите да не управуваат со човечкиот живот

 Во четвртокот, на 5 март, папата Фрањо се сретна со учесниците на генералното собрание од Папската академија за живот, укажувајќи им дека постарите луѓе кои во последно време сѐ почесто

се напуштаат и маргинализираат, имаат потреба од палијативна нега и тоа не треба да се прави како терапевската медицина, туку првенствено од љубовта, нежноста и почитта од членовите на семејството.

Кога „логиката на корист“ ќе ја надвладее „логиката на солидарноста и бесплатноста“, општеството е должно да го заштити човечкото битие – им рече папата Фрањо на учесниците на генералното собрание од Папаската академија за живот, кои овие денови ќе разговараат на темата „Помош за постарите лица и палијативна нега“.

Човекот секогаш е скапоцен, дури и ако е стар и болен – рече Светиот Отец, размислувајќи со присутните за современото општество. Логиката на корист дури и во семејствата почнува да ја надвладува логиката на солидарноста и бесплатноста – рече Папата и додаде дека Бог го сака секој човек, кој е вистинско добро за самиот себе како и за другите околу него. Заради тоа, кога неговиот живот станува слаб, и кога се приближува крајот на земниот живот, чувствуваме одговорност да му помогнеме на тој човек и да бидеме со него на најдобар можен начин.

Исто така – додаде Папата – Библијата зборува за сериозната опомена за оние кои ги запоставуваат или злоупотребуваат родителите. Истото се однесува и за нас денес – напомена Светиот Отец и спомна неколку примери на родители кои стануваат сѐ поостари и сѐ помалку корисни, се маргинализираат до потполно напуштање. Затоа Папата Фрањо ги поттикна сите со нежно срце да тргнат од Словото Божји, кое е содржано во библиските заповеди и најмногу од тие кои од нас бараат да ги почитуваме родителите, а во поширока смисла кои нѐ потсетуваат на почит за кој сме должни кон сите постари лица.

Зборот „да се почитува“ денес може да се преведе и како должност на крајната почит и грижа за оние кои, заради својата физичка и општествена состојба, би можеле да бидат оставени да умрат или за кои би можело сѐ да се направи да умрат. Затоа севкупната медицина – според зборовите на Папата – има посебна улога во општеството, како сведок на почитувањето која треба да ја покаже на старите луѓе, како и на секој друг човек. Јасноста и ефикасноста не може да бидат единствен критериум да ја водат активноста на лекарот, но тоа не се ниту правила на здраствениот систем, ниту на економскиот профит. Државата не може да заработува од медицината. Напротив, нема поважна должност на некое општество од заштитата на човекот – истакна папата Фрањо.

Зборувајќи им потоа за палијативната нега, Светиот Отец истакна дека до сега таа била од непроценливо значење за онколошките пациенти. Меѓутоа, денес многу различни болести се поврзани со староста, која се карактеризира со хронично прогресивно слабеење и тие луѓе може да имаат корист од овој вид на помош. На старите лица пред сѐ им е потребна нега во семејствата, чија љубов не може да ја замени ниту најефикасните институции, ниту најстручниот здравствен персонал – рече Папата и додаде дека палијативната нега може да биде корисен додаток и поддршка на негата пружена во семејствата.

Во терминалниот период на болеста, палијативната нега има за цел да го намали страдањето, гарантирајќи му на пациентот адекватно човечко присуство. Станува збор за поддршката пред сѐ за постарите луѓе, кои заради нивната возраст, тие добиваат сѐ помалку внимание од терапевтската медицина, и често остануваат напуштени. А напуштеноста е најтешката „болест“ за постарите лица, и најголема неправда со која може на човек да му се направи. Оние кои ни помогнале да пораснеме не треба да бидат напуштени во моментите кога им е потребна нашата помош, нашата љубов и нашата нежност – рече Папата и заврши со зборовите на свети Иван Павле II: „Почитувај го животот, секој човечки живот, заштитувај го, сакај го и служи му! Само на овој пат ќе ја најдеш правдата, развојот, вистинската слобода, мирот и среќата“.

РВ/З.А

Категорија: Ватикан

За авторот