Папата: Не е можно добро да се живее без простување

Способноста за простување на себе и на другите спаѓа во повикот и посланието на семејството – е резимето на катехезата на папата Фрањо на 4 ноември за време на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар.

Папата зборуваше за простувањето, за барањето прошка и помирувањето кои се важни услови за квалитетен живот во семејството.

Папата ја нарече милостен настан Епископската синода која подетелно го разгледа повикот и посланието на семејството пред предизвиците во денешното општество, но животот – како што кажа – и по завршувањето на синодата продолжува – посебно оној семејниот – со конкретно живеење на Евангелието во семејството. Семејството на некој начин треба да зборува и со својот начин на живот да сведочи за големиот дар на бракот и семејството.

Потоа Папата се послужи со сликата за семејството како место за вежбање во взаемното дарување и простување, додавајќи дека без тоа ниедна љубов не може да истрае. Во молитвата Оче наш која што Он самиот нè научи да ја молиме, Исус прави од Отецот да бараме: Прости ни ги долговите наши како што им ги проштаваме ние на нашите должници. На крајот вели: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости ваши ( Мт 6, 12, 14-15) – повтори папата Фрањо.

Не може да се живее или барем: не е можно добро да се живее без простување – посебно во семејството. Секој ден еден кон другите грешиме. Треба за тоа да положиме сметка – без разлика дали заради нашата кревкост или заради нашиот егоизам. Но, она што всушност од нас се бара се нанесените повреди веднаш да ги лекуваме; веднаш да ги закрпиме прекинатите конци. Ако чекаме и отежнуваме работите стануваат потешки – истакна Папата.

Постои едноставна тајна за исцелување на раните и решавање на обвинувањата: не дозволувајте денот да заврши, а да не сме се извиниле; не дозолувајте да не дојде до помирување меѓу маж и жена; родители и деца; браќа и сестри, помеѓу снаа и свекрва! Ако научиме венаш да бараме прошка и меѓусебно си простиме едни на други раните се исцелуваат, бракот се зацврстува станува сѐ поцврст и се соочува со испадите на нашата голема или мала злоба – смета Светиот Отец.

Ако така научиме да живееме внатре во семејството тогаш ќе правиме така и надвор од него, било каде да се наоѓаме. Многумина – па и самите христијани – мислат дека тоа е претерано. Да убави се тие зборови, но не можат да се применат во пракса (во животот). Фала Му на Бог не е така – додаде Папата. Примајќи простување од Бог стануваме способни да им простиме и на другите и самите да бараме прошка. Заради тоа Исус сака секој ден во Оче наш да ги повторуваме тие зборови – истакна Светиот Отец.

Способноста за простување на себе и на другите спаѓа во повикот и посланието на семејството. Праксата на простување не го спасува семејството само од поделби, туку ги прави способно да помогне на општеството да се намали злото и суровоста. Црквата на вас драги семејства постојано ви е близу за да ви помогне да ја изградите својата куќа на карпата за која говори Исус – рече папата Фрањо продолжувајќи: да не ги заборавиме зборовите кои непосредно и претходат на параболата за куќата: „Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на мојот Отец небесен; и додава: „Мнозина ќе ми речат во оној ден: Господи, Господи не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме? И тогаш Јас ќе им кажам: Никогаш не сум ве познавал. (Мт 7, 21-23). Без сомнеж ова слово е силно, а целта е да нè раздрма и да нè повика на преобраќање.

Драги христијански семејства ве уверувам дека – ако бидете способни сѐ поодлучно да одите по патот на блаженствата – учејќи и поучувајќи се меѓусебно на простување – во големото семејство на Црква, расте способноста за сведочење обновувајќи ја силата на Божјото простување. Инаку убаво ќе проповедаме, па ќе истераме и некој бес, но на крајот Господ нема да нè препознае (признае) како свои ученици.

Христијанските семејства навистина можат многу да направат за денешното општество и за Црквата. Заради тоа сакам во Јубилејот на милосрдието семејството повторно да го открие богатството на меѓусебното простување. Да молиме семејствата секогаш да бидат сѐ поспособни да живеат и да градат конкретни патишта на помирување за да не се почувствува никој напуштен заради тежината на сопствените долгови– нагласи Папата и ги поттикна присутните да измолат: Оче наш прости ни ги долговите наши како што им ги проштаваме ние на нашите должници.

По поздравните говори и поздравите на ходочасниците Светиот Отец повика во текот на месец ноември да се моли за покојните и посака ходочастието во Светиот Престол во сите да го зацврсти чувството на припадност на едно единствено црковно семејство. По својот обичај се сети на младите, болните и нововенчатите парови посакувајќи примерот на вчерашниот светец свети Мартин од Порес да ги поттикне сите во дарувањето; да ги зацврсти во трпењето како и во брачното заедништво.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот