Папата: Недостатокот од братство води до насилство и омраза
Во семејството учиме како да бидеме добри браќа и сестри. Вистинското братство се шири во опшетството како ветување, рече папата Фрањо на Генералната аудиенција.
На Генералната аудинција на плоштадот Свети Петар, на 18 февруари, продолжувајќи со катехезите за семејството, откако зборуваше за улогата на мајката, таткото и децата, Светиот Отец зборуваше за браќата. Во христијанството зборовите брат и сестра се многу мили, а благодарение на семејното искуство, сите епохи и култури ги разбираат – истакна Светиот Отец.
Братската врска има привилигирано место во историјата на Божјиот народ. Псалмистот пее за убавината на братската врска: „Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно!“ Исус Христос братското искуство го издигнал до полнина, вбројувајќи го во Троиствената љубов и зацврстувајќи го да може да се издигне над врската на сродството и сите поделби – рече Папата додавајќи:
Добро ни се познати болните искуства на конфликти, предавства и омраза, кога е уништен братскиот однос. Библиската приказна за Каин и Авел е еден таков пример со негативен резултат. По убиството на Авел, Бог го прашува Каин: „Каде е братот твој, Авел?“ (1Мој 4,9). Тоа прашање Бог го повторува на секоја генерација – истакна Светиот Отец продолжувајќи: За жал во секоја генерација се повторува драматичниот одговор на Каин: „Не знам; зар јас сум чувар на братот мој?“ (1Мој 4,9).
Прекинот на врската помеѓу браќата негативно се одразува на човештвото, а многу е лошо заради ситница или наследство во семејството повеќе да не разговараат. Бртаството е нешто големо, особено кога ќе помислиш дека сите браќа девет месеци живееле во утробата на иста мајка, дека се месо од мајчиното месо! Братството не може да се раскине; ако се раскине се случува она што им се случило на Каин и на Авел – рече Папата поттикнувајќи на молитва за скараните браќа.
Ако во семејството меѓу децата се обликува братска врска во атмосфера на воспитание на отворени едни кон други тогаш семејството е големо училиште на слобода и мир. Во семејството се учи како треба да се живее во општеството. Можеби не сме ниту свесни дека семејството во светот внесува братство. Појдувајќи од семејното искуство на братството, хранејќи го со љубов и топло воспитание, братството како ветување се шири на целото општество и на односите меѓу народите – истакна Светиот Отец.
Божјиот благослов во Исус Христос се излева на братството и го оспособува да ја надмине секоја национална, расна, говорна дури и верска разлика. Замислете што е врската помеѓу многу различни луѓе кога за некој може да каже: „Тој ми е како брат, таа е за мене како сестра.“ Тоа е многу убаво. Историјата за останатото докажала дека слободата и еднаквоста ако нема братство можат да ги надминат индивидуализмот и конформизот, па и личниот интерес – рече Светиот Отец.
Во семејството, грижата, трпеливоста, љубовта кон помладите браќа и сестри, болните или оние со инвалидитет на посебен начин се покажува во братството. Грижливи браќа и сестри во светот има многу, можеби доволно не ја цениме нивната великодушност. Убаво е кога браќата во многубројните семејства меѓусебно си помагаат. Денес поздравив едно семејство со девет деца; најстариот им помага на таткото и мајката во воспитувањето на помладите – рече Папата, додавајќи:
Братската љубов е ненадоместлива, незаменлива, а така е и во христијанското братство. Најмалиот, најслабиот и најсиромашниот треба да ја предизвикуваат нашата нежност, тие имаат „право“ на нашата душа и срце. Ако се наши браќа тогаш кон нив мораме да постапуваме како кон браќа. Исусовиот пример и зборови кажуваат дека се наши браќа. Тоа е начелото на Божјата љубов и праведност – рече Папата и поттикна сите да молат за своите браќа и сестри, семејството лесно да не се лишува од братското искуство.
РВ/Д.И.