Папата на Шпанскиот плоштад: Да научиме да одиме против струјата

Папата Фрањо во молитва ја повика Пресвета Дева Марија за „мајчинска заштита“ над Божјиот народ, Црквата во Рим и во целиот свет”. Тоа го направи за време на молитвата, која традиционално се одржува на празникот Непорочно зачнување на Пресвета Дева Марија пред статуата на Богородица на Шпанскиот плоштад во Рим. Пред молитвата, беше принесен венец од цвеќиња на Богородица благословен од Папата.

Во молитвата, составена лично од него, Папата Фрањо потсети на „секојдневната борба, која треба да ја водиме против заканите на ѓаволот”, повикувајќи во пресрет на празникот на Христовото Рождество, по примерот на Марија, да научиме да одиме против струјата, да се откажуваме, да се понижуваме, да се даруваме, да слушаме и да молчиме, да излеземе од себе, за да направиме место за Божјата убавина, извор на вистинската радост.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот