Папата на Твитер поттикна сведочење на радоста на Евангелието

Папата на Твитер поттикна сведочење на радоста на Евангелието

Светиот Отец својата твитер порака која ја објави на 15 октомври 2017 година, ја посвети на новопрогласените светци кои ги канонизираше за време на светата Литургија на плоштадот Свети Петар, на 15 октомври 2017 година.

Папата на своите пријатели на таа социјална мрежа им порача: Како светците, да дозволиме преку сведоштвото на нашите животи да свети радоста и убавината на живеењето на Евангелието.

Во Твитер пораката објавена на 14 октомври 2017 година, папата Фрањо ја истакна важност за заштита на човечкиот живот и гарантирање на неговата неповредливост од зачнувањето до природната смрт. Папата го упати следниот поттик: Повикани сме да го браниме и чуваме човечкиот живот, посебно во мајчината утроба, во детството, староста и инвалидитетот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот