Папата на Генералната аудиенција во среда: Црквата е дело Божјо
Ватикан, 29.5.2013 /к.мк/ – Вие сте многу храбри, бидејќи сте дојдени тука и тоа по вакво врнежливо време – со овие зборови ги поздрави папата Фрањо присутните 90.000 верници и поклоници на плоштадот Свети Петар. Во рамките на катехезите во Година на верата на Генералната аудиенција во среда 29 мај, папата Фрањо говореше за верата на тема: Црквата како Божјо семејство. Овој аспект е истакнат во многу документи од Вториот ватикански собор, рече папата Фрањо.
Бог не поканува нашата вера заедно да ја живееме како семејство во заедништво со Црквата. Поради тоа денес треба да се прашаме, дали вистински ја сакаме Црквата, и тоа како што ги сакаме нашите семејства и дали молиме за неа. Светиот Дух ви дарува сила, постојано да правите добро.
Како пример папата Фрањо ја даде параболата за блудниот син: таму се работи пред се за милосрдноста на Отецот, кој што го објасни планот Божјо преку човештвото. Многу е важно, дека Бог од нас сака да направи големо семејство, во кое секој член ќе знае дека е љубен од Него.
Корените на Црквата лежат во овој голем план. Црквата не е некој договор помеѓу неколку луѓе за да создадат организација, туку како што често истакнуваше папата Бенедикт XVI – таа е дело Божјо. Црквата е резултат на овој план на љубовта, кој потоа се остварува во текот на историјата.
Исто така не би требало да се заборави, дека Црквата е заедница и на грешници.
Исто и Папата, и јас сум грешник, и тоа каков. Но убавината е токму во тоа, што ние знаеме дека Бог простува, дека Бог е милосрден. Гревот не е само навреда на Господ, туку секогаш и една можност да се почуствува неговото простување и неговата великодушност.
За да се разбере поимот „Црква“ треба да се знае значењето на грчкиот збор „ekklesía“, кој што значи собрание (состанок), истакна Папата.
Бог не повикува да излеземе од индивидуализмот. Да ја земеме за пример Христовата љубов, да го наследуваме во заедништвото на Црквата и да веруваме дека Светиот Дух од нас ќе направи нови созданија.
Во неговата твитер порака по завршувањето на Генералната аудиенција Папата пишува:
Од Христовата љубов на крстот, од неговата прободена страна произлегува Црквата. Таа е едно семејство, во кое човекот љуби и неговата љубов е возвратена.
Покрај тоа папата Фрањо ги повика сите граѓани на Рим и поклоници да земат учество на процесијата за празникот на Пресвета Евхаристија во четврток вечер. Верата и јавното исповедување за Христовото присуство во Евхаристијата е „скапоцено богатство на Црквата и човештвото“, истакна Светиот Отец за време на Генералната аудиенција во среда на плоштадот Свети Петар. (го*ко)