Папата на Ангел Господов: Евангелието е Слово за живот
Во говор пред молитвата Ангел Господов во недела 2 февруари, Светиот Отец зборуваше за литургиското Евангелие, а по молитвата рече дека во сабота на 6 јуни ќе го посети Сараево.
Денешното литургиско Евангелие ги претставува Исус и неговите ученици во синагогата во Капернаум, во тоа време најголемиот град во Галилеја, каде што живеал свети Петар. Евангелистот Марко вели дека Исус во сабота влегува во синагогата и почнал да поучува. Ова нѐ потсетува на првенството на Божјото Слово кое треба да Го слушаме, прифатиме и навестуваме. Пристигнувајќи во Капернаум Исус не го одложува навестувањето на Евангелието, не мисли прво како да ја згрижи својата мала заедница што исто така е потребно, туку главна грижа му е преку силата на Светиот Дух да го навести Словото Божјо. Народот во синагогата се восхитуваше на Неговата наука, бидејќи учел како Оној кој „има власт, а не како книжниците“ – рече папата Фрањо.
Што значи како оној „кој има власт?“ Значи дека во Исусовите човечки зборови се покажува целокупната сила на Божјото Слово, силата на самиот Бог, вдахната од Светото Писмо. А една од карактеристиките на Божјото Слово е да го остварува она што го навестува. Навистина, Исус веднаш после поуката ја покажува својата моќ на ослободување на опседнатиот човек кој се наоѓал во синагогата. Всушност, таа Христова божествена моќ предизвикала реакција на сатаната која се криела во тој човек; Исус веднаш го препознава гласот на демонот и строго му заповедува „замолкни и излези од него!“ Со силата на своите зборови Исус го ослободува човекот од демонот. Тоа повторно ги ужаснало присутните: „и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“ – рече Папата.
Евангелието е Слово за живот: не ги ужаснува луѓето, напротив ги ослободува од робувањето на бројните демони во овој свет: од празнината, приврзаноста на парите, горделивоста, страста… Евангелието го менува срцето и животот, а злите склоности ги преобразува во добри накани. Затоа христијанска задача е насекаде да се шири откупителската моќ на Евангелието, да бидеме работници и гласници на Божјото Слово. На тоа нѐ поттикнува и денешното литургиско Евангелие кое завршува со мисионерско отворање: „И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.“ – истакна Светиот Отец додавајќи:
Новата наука која Исус ја научувал „со власт“ е науката која Црквата ја навестува на светот заедно со ефикасни знаци на неговото присуство: наука веродостојна, која со делувањето на Божјиот Син ослободува и стануваат зборови на спасение и дела на љубов за мисионерската Црква. – рече Папата повикувајќи заговор на Дева Марија која го слушала Словото и го родила за човекот, за сите луѓе. Нека таа нѐ научи да бидеме неуморни слушатели и моќни навестувачи на Исусовото Евангелие – заврши Папата. (…)
Потсетувајќи дека денес во Италија се слави Денот на живот, Папата рече дека се придружува на италијанските епископи во промовирањето на „обновеното признавање на човековата личност и соодветна заштита на живот, од зачнувањето до неговата природна смрт. Ако се служи на животот тогаш се вкусува револуционерната сила на љубовта и нежноста, започнувајќи нов хуманизам: хуманизам на солидарноста – рече Папата, а потоа го поздрави кардинал Валини својот викар за Римската бискупија и римските универзитетски професори и сите кои се заземаат за промовирање на културата на живот.
РВ/Д.И.