Папата: Молитвата нè обединува
На средбата со бездомниците во Вашингтон, при каритативниот центар на парохијата Свети Патрик, папата Фрањо рече дека верата ни помага да се соочиме со неправедните и болните ситуации.
Овој центар ео снован во 1794 година за пасторал на ирските католици кои работеле на изградба на Белата куќа и зградата на американскиот Конгрес, Свети Патрик е најстарата парохија во Вашингтон.
Во говорот до бездомниците, Папата рече дека тие го потсетуваат на свети Јосиф кој му се обраќал на Исус секој пат кога бил во неволја. И свети Јосиф се соочувал со некои тешки ситуации, посебно кога останал без кров на главата, токму кога Марија требало да го роди Синот, Исус. Библијата јасно з дека за нив немало место во гостилницата и затоа Синот Божји на свет дошол како бездомник – рече Папата.
Како свети Јосеф многумина од вас секојдневно се прашуваат: Зошто сме бездомници, без дом? Тоа е прашање кое сите можеме да си го поставиме: Зошто овие наши браќа и сестри се без дом? Не може да се најде општествено или морално оправдување, било какво оправдување за недостаток на домови – нагласи Папата, додавајќи дека знаеме дека Бог никогаш не нѐ напушта во нашите страдања.
Како што верата го подржувала свети Јосиф така таа и во нашите тешки ситуации внесува светлина која ја распрснува темнината. Верата ни го отвора тивкото Божјо присуство во секој момент од нашиот живот, во секој човек и во секоја прилика – истакна папата Фрањо. Верата ни објавува дека Бог е со нас, а Неговото присуство нè поттикнува на дела на љубовта.
Преку верата знаеме дека Бог чука на нашата врата и нè повикува на љубов, сочувствување и служење едни на други – рече Светиот Отец, додавајќи дека Исус се поистоветувал со сите кои стрдаат и поднесуваат било каков облик на неправда. Папата понатаму ја истакна молитвата како противотров на нечувителноста и рамнодушноста кон страдањата на ближниот. Како што рече молитвата нè обединува, нè прави браќа и сестри и ги отвора нашите срца и нè потсетува на прекрасната вистина која понекогаш ја забораваме: во молитвата учиме да кажеме „Оче“ и учиме да се гледаме како браќа и сестри.
Во молитвата нема богати и сиромашни, туку постојат само синови и ќерки, браќа и сестри. Во молитвата нема прва и втора класа, туку постои само братство. Завршувајќи го говорот, Папата со собраните измоли Оче наш и ги благослови, барајќи и тие да не заборават да молат за него.
РВ/к.мк/Д.И.