Папата молеше за жртвите во Истанбул: Нека Бог ги преобрати срцата на насилниците

Жалост и молитва за жртвите од трагичниот атентат на аеродромот во Истанбул беа централните зборови на папата Фрањо во пладневниот говор на 29 јуни. Силно ни е потебен мир – рече Папата. На празникот на свететите Петар и Павле, Папата го довери градот Рим на Богородица Salus Populi Romani (Спасителка на Римскиот Народ) за своето послание во целиот свет да знае да го темели на духовни и морални вредности.

Голема жалост изрази папа Фрањо заради бројните убиени и ранети луѓе во тој – како што го нарече – суров терористички напад. Молиме за жртвите, за нивните семејства и за саканиот турски народ. Нека Господ ги обрати пресрцата на насилниците и ги поддржи нашите чекори на патот кон мирот – истакна Папата.

Катехезата ја посвети на двајцата заштитници на Рим, Петар и Павле. Целата општа Црква гледа со восхитување, сметајќи ги за столбови и голема светлина која блеска, не само на небото над Рим, туку во срцата на верниците на Западот и на Истокот. Петар, понизен рибар, и Павле учител, од љубов кон Христос ги напуштиле своите татковини, не грижејќи се поради тешкотиите, опасностите и недовербата со кои би можеле да се соочат на патот, дојделе во Рим. Тука станале навестители и сведоци на Евангелието меѓу луѓето и со мачеништво ја потврдиле својата мисија на вера и љубов.

Ако овде во Рим го познаваме Исус, – потсети Папата – и ако христијанската вера е жив и основен дел од духовното наследство и култура во ова подрачје, за тоа можеме да забалгодариме на апостолската храброст на овие двајца синови од Блискиот Исток. Петар и Павле денес духовно се враќаат меѓу нас, поминуваат низ улиците на овој град, чукаат на вратата на нашите домови, и најмногу на нашите срца. Уште еднаш сакаат да го донесат Исус, неговата милосрдна љубов, неговата утеха, неговиот мир. Тоа ни е многу потребно – истакна Светиот Отец и поттикна на прифаќање на нивните пораки. Да го чуваме нивното сведоштво како богатство!

Искрената и цврста Петрова вера и големото и сеопфатно Павлово срце, ќе ни помогне да бидеме радосни христијани, верни на Евангелието и отворени за средба со сите – напомена папа Фрањо, а потоа ги поздрави новите  надбискупски митрополити кои беа назанчени на светата Литургија во базиликата Свети Петар и во текот на која беа благословени палиумите, кои се знак знаа заедништвото со целата Црква, а посебно со Петровиот Престол. Ги поттикнувам во радост да го продолжат своето послание во служење на Евангелието – рече Папата.

Папата на крајот, градот Рим го довери на Богородица Salus Populi Romani (Спасителка на Римскиот Нардод). Во духовните и морланите вредности со кои е богат, секогаш да го наоѓа темелот на свеото општествено живеење и своето послание во Италија, во Европа и во светот – посака Папата.

После молитвите кон Свeта Богородица, папата Фрањо меѓу останатото ја спомена меѓународната конференција за одговорни инвестиции, која е одржана во Рим на тема „Направете Годината на милосрдието да биде година на влијание врз  животот на сиромашните“ и упати апел приватните инвестиции, со оние јавните, да бидат поддршка за надминување на сиромаштвото на бројни маргинализирани луѓе.

РВ/Б.Р

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот