Папата Лав XIV во саботата, 24 октомври 2026 година, во Ватикан го прими Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, почесниот поглавар на Православната црква.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја објави информацијата без дополнителни детали за средбата.
Меѓу Светиот Престол и Цариградската патријаршија постојат блиски односи. Двајцата црковни поглавари последен пат се сретнаа за време на посетата на папата Лав XIV на Турција во ноември минатата година.
Односите меѓу патријархот Вартоломеј и рускиот патријарх Кирил се сметаат за затегнати поради војната во Украина.
Папата Лав XIV и патријархот Вартоломеј првично требаше заедно да учествуваат во вторник, 27 октомври, на Меѓународната средба за мир во Асизи, каде што беше предвидено да потпишат заеднички апел за мир до светот.
Средбата се одржува по повод 40-годишнината од Светскиот ден на молитва за мир, свикан во Асизи во 1986 година од свети папа Иван Павле II.
Сепак, папата Лав XIV ја откажа посетата на Асизи поради неодамнешната операција на белите дробови и потребата да продолжи со закрепнувањето.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, пак, во петокот, 23 октомври, прими почесен докторат на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ – Ангеликум во Рим.
кта/к.мк

