Папата Лав во Кастел Гандолфо ќе служи Литургија на празникот Успение на Пресвета Богородица

Папата Лав XIV се врати во Кастел Гандолфо, каде што ќе служи света Литургија и ќе престојува на посвежо за време на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека Папата Лав XIV одредата попладне повторно престојува во Кастел Гандолфо.
Светиот Отец неколку дена во месец јули престојуваше во Папската летна резиденција во ридскиот град во близина на Рим.
Додека беше таму, служеше света Литургија во локалната парохија „Свети Тома од Виланова“, ја посети Ватиканската опсерваторија и се сретна со повеќе локални жители.
Папата Лав повторно ќе служи света Литургија во парохијата „Свети Тома од Виланова“ на 15 август, празникот Успение на Пресвета Богородица, кој е централниот ден на летната празнична сезона во Италија.
Во недела, Папата ќе отпатува во блискиот град Албано, каде ќе ја предводи светата Литургија во светилиштето „Санта Марија дела Ротонда“.
Според Канцеларијата за печат на Светиот Престол, неговото враќање во Ватикан е предвидено за вторник, 19 август.
Ватикан њуз/к.мк