Папата: Кој се чувствува грешник знае да простува

Папата Фрањо на светата Литургија со капуцините од редот на Малите браќа зборуваше за харизмата на простувањето, која некако посебно е својствена за капуцините. Да се простува е важна и одговрна задача; тоа е служба на самиот Исус Христос кој простувал, молел, тешел…

Утрото на 9 февруари Светиот Отец во базиликата Свети Петар го предводеше евхаристиското славење на кое присуствуваа оците капуцини од фрањевската заедница на Малите браќа. Осврнувајќи се на денешното евангелие кое зборува за миењето на рацете и држењето до човечките уредби и преданија, папата Фрањо во проповедта се обрати до капуците велејќи: „Вашата капуцинска традиција е традиција на простување и делење на прошка. Меѓу вас има многу добри исповедници: тоа е така заради тоа што и самите се чувствуваат грешници. Знаат дека се големи грешници и пред Божјото величество постојано молат: „Чуј ја молитвата и смилувај се!“ (3 Царст 8, 30)

Бидејќи знаат така да молат знаат и да простат. Кога тоа напротив некого ќе го заборави дека и на самиот му е потребно простување, постепено заборава на Бог и заборава да моли за прошка и не знае да прости. Оној кој е понизен и се чувствува грешник, во исповедилницата е голем „простувач“. Оној другиот како овие книжници кои се чувствуваат „чисти“ и „учители“ знаат само да осудуваат.

Папата освен до капуцините се обрати на сите исповедници посебно сега во Годината на милосрдието велејќи: исповедилницата е заради простувањето. Да претпоставиме дека не можеш  да дадеш одрешение, те молам: немој да го „здробиш“. Човекот кој доаѓа, доаѓа да бара утеха, прошка и душевен мир; доаѓа кај таткото кој ќе го прегрне и ќе му каже: „Бог те сака“ и ќе му даде тоа да го почувствува – смета Папата.

Но, вие капуцини сте примиле посебен дар од Бог – да простувате. Ве молам: не изморувајте се да простувате – рече Папата и се сети на еден посебен исповедник кој бил гвардијан и провинцијал. Кога завршил неговиот мандат повикан е во едно светилиште како исповедник. Пред неговата исповедилница се ределе редови на народ: сите доаѓале; свештеници, верници, богати и сиромашни – сите! Секогаш наоѓал начин да прости или барем да утеши и да ја смири засегнатата душата со една прегратка.

„Еднаш отидов да го побарам. А тој ми рече: Слушај, ти си епископ и можеш тоа да ми го кажеш: Јас верувам дека грешам затоа што многу простувам, па ми доаѓа таа скрупула…“ Го прашав: „Зошто тоа го чувствуваш?“ а тој ми рече: „Не знам но секогаш некако пронаоѓам начин за да простам.“ Го запрашав: „Што правиш кога тоа го чувствуваш? А тој ми кажа: „Одам во капелата, пред Светотохранилиштето и Му кажувам на Господ: Не ми замерувај Господи; прости ми. Верувам дека денес премногу простував. Но, Господи, Ти ми даде таков лош пример!“… „Па бидете мажи на простувањето, помирувањето и мирот“ – рече Светиот Отец.

Постојат во животот различни „дијалекти“; дијалекти на зборови, а постојат и дијалекти на гестови. Ако некој човек ми се приближи во исповедилницата, тоа е заради тоа што чувствува некое оптеретување од кое што сака да се ослободи. Можеби не умее тоа да го изрази, но неговото приближување е гест, чин. Ако се приближи значи дека сака промена; сака да се промени себе, да стане поинаков човек и тоа го дава до знаење со чинот на приближување. Човекот доаѓа затоа што во душата чувствува дека повеќе не може. Сепак често луѓето се условени од својата психологија, живот или состојба… Никој не е должен да го направи невозможното! – рече папата Фрањо додавајќи:

Големо, широко срце, прошка… Прошката е како семе и како Божјо милување. Имајте доверба во Божјата прошка. Не запаѓајте во пелагијанизам! Должен си да го направиш тоа, тоа и тоа…“ Вие имате харизма за простување; употребете ја, обновувајте ја секогаш. И бидете големи „простувачи“ затоа што кој не знае да прости завршува како и оние книжниците од Евангелието: „голем судија“ секогаш подготвен да обини. А кој е „големиот тужител“ во Библијата? Ѓаволот! Или ја вршиш Исусовата служба која прстува давајќи живот, молитвата многу часови седејќи како свети Леополд и свети Пио; или ја вршиш ѓаволската служба која тужи и суди…

Потоа Светиот Отец се обрати на сите свештеници кои исповедаат: „Ако не се чувствуваат понизни нека кажат: „Не, не; ќе славам света Литургија, ќе го чистам подот, сè ќе правам само да не исповедам затоа што не знам како треба тоа да го правам. И ќе барам од Господ милост, милост која ја барам за секој од вас; за сите исповедници, па и за себе самиот“ – ја заврши својата проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот