Папата и Црквата ќе продолжат да го повикуваат светот за изнаоѓање на патишта за мир во Ирак
На наредната седница на Советот за човекови права на Обединетите Нации, специјалниот папски пратеник во Ирак кардинал Фернандо Филони„можно еда ја претстави својата мисија“. Тоа го изјави монсињор Силвано Томази, постојан ватикански претставник воООН, за време на Митингот за пријателство меѓу народите, кој се одржува во Римини, Италија. Во интервју за Радио Ватикан монсињор Томази рече дека во сегашниот контекст на насилство, задачата на Црквата е тешка, но заедно со Папата, таа „ќе продолжи да ги повикува сите верници да се молат за изнаоѓање на патишта кон мирот, а меѓународната заедница, преку механизмите на Обединетите нации, да го запре агресорот“.
Монсињор Томази соопшти дека овие денови на средбата на блискоисточните патријарси од сите вери се формулирани две важни линии за акција: „Првата вклучува помош на меѓународната заедница за прекин на насилството и убиството не само на христијаните, туку и на јазидите и на сите други малцински групи“. Тој потсети дека „христијаните се обезглавуваат, а главите им се поставуваат како украси по ѕидовите или влезните врати, што се гледа на сликите: нечуено и недозволиво“. Втората линија вклучува „меѓународно присуство што ќе го гарантира враќањето на христијаните во нивните родни места и домови“.
„Неправедно е меѓународната заедница автоматски да го прифаќа насилното протерување на христијаните – истакна монсињор Томази. Тие имаат право да живеат во своите домови, бидејќи на оваа земја се присутни повеќе од 1700 години, уште пред доаѓањето на исламот. Тие имаат право да продолжат да живеат таму, не само поради природното право, туку и бидејќи нивното присуство е во корист на муслиманската заедница и го фаворизира социјалниот контекст за приближување кон една демократија, која го почитува идентитетот на секој човек и група“, завршува ватиканскиот претставник во ООН во Женева.
РВ/В.Н.