Папата и патријархот Сидрак: Мир и верска слобода за секој
Римскиот епископ и александрискиот патријарх заедно во знак на црковно заедништво молеа за мир на Блискиот Исток. Светата Литургија во домот на Света Марта беше настан од голен духовен карактер.
Нека престанат поделбите и непријателствата во Светата Земја и на Блискиот Исток, порача папата Фрањо од домот Света Марта. На Литургијата сослужуваше александрискиот патријарх на коптските католици Ибрахим Исак Сидрак, а по повод јавната изјава за „црковно заедништво“ со Петровиот наследник. Папата ја потврди својата близина со христијаните во Египет кои трпат неизвесност и насилство и го повтори апелот за верска слобода на подрачјето на целиот Блиски Исток.
Папата Фрањо во проповедта веднаш се обрати до коптските верници, повторувајќи ги зборовите на пророк Исаија од првото читање, што говори за будење на срцата во исчекувањето на Господ (Исаија 35,1-10)
„Охрабрување на преплашените срца упатено е на сите кои во вашата сакана египетска земја трпат несигурност и насилство, понекогаш и поради својата христијанска вера. „Бидете цврсти, не плашете се!“ се утешни зборови потврдени со братска солидарност (Исаија 35,4) Благодарен сум Му на Бог за ова средба, тоа е прилика да ја зацврстам вашата и нашата надеж, бидејќи се надеваме за истото“.
Евангелието продолжи Папата, покажува како Христос ја победува „фатеноста на човештвото“ (Лука 5,17-26). На крајот „парализатана совеста е заразна. Сиромаштвото во текот на историјата и нашиот грев – се соучесници“ и помагаат парализата на совеста да се прошири и навлезе „во општествените структури и заедници, сѐ додека не ги зафати сите народи.“ Но, Фрањо охрабрува: „Исусовата заповед донесува пресврт: „Стани и оди!“
„Да се молиме со доверба, во Светата Земја и на целиот Блиски Исток мирот одново да се издигне од пречестите драматични застои. Нека запрат и тоа засекогаш непријателствата и поделбите. Нека забразно се обноват мировните преговори кои често се парализираат од меѓусебните спротиставувања на нејасни интереси. Конечно, нека се даде вистинска гаранција на верската слобода на секого и право христијаните да можат да живат во мир, таму каде што се родени во татковината и кои како граѓани ја љубат веќе 2000 години како и секогаш да придонесуваат за благосостојба на сите.“
Папата потсети дека Исус како бегалец со светото Семејство бил прифатен во великодушната египетска земја. Го повика Господ да „бдее над Египтјаните кои на улиците низ светот бараат достоинство и сигурност“.
„Да одиме секогаш напред, барајќи Го Господ, барајќи нови патишта, нови начини на приближување до Господ. Ако е потребно да направиме и дупка на покривот за да се приближиме до Господ, замислена фантазија на љубовта нѐ доведе и до тоа: да пронајдеме и направиме патишта на средби , патишта на братства, патишта на мирот (Лука 5,19)
Патријархот Сидрак изрази радост што може со Папата да слави света Литургија, истакнувајќи дека Црквата во Египет во овој чувствителен историски момент, и е потребна „татковска подршка“ од Петровиот наследник. Потоа како и папата Фрањо, повика за дарот на мир: „Нека светлината на светиот Божиќ биде ѕвезда што го открива патот на љубовта, единството, помирувањето и мирот, сите дарови кои на мојата земја и се многу потребни. Молам за Вашиот благослов и Ве очекуваме Вас во Египет.“
РВ/Д.И.