Папата: Итна потреба од заштита на достоинството на жените и децата

“Буди загриженост зголемениот број на оние девојки кои се принудени да живеат на улица, кои го продаваат своето тело, експлоатирани од криминалните организации, а понекогаш дури и од роднините и најблиските.

Оваа реалноста е срам за нашите општества кои се фалат дека се модерни и дека постигнале високи нивоа на култура и развој“, истакна папата Фрањо, за време на аудиенцијата во Ватикан со учесниците на „Меѓународниот симпозиум за пастирска дејност за луѓето од улица“ (Рим, 13 – 17 септември 2015), кој се одржа под водство на кардиналот Антонио Марија Велио, претседател на Папскиот совет за пасторална дејност меѓу мигрантите.

Папата Фрањо посочи дека „ниту едно дете не решава само да живее на улица. За жал и во современиот глобализиран свет, на многу деца е одземено детството, нивните права, нивната иднина. Недостатокот на закони и соодветни структури придонесува за влошување на нивната состојба во сиромаштија: недостаток на вистинско семејство, недостаток на воспитување, на медицинска помош.

Папата посочи исто така и дека секое дете, напуштено или принудено да живее на улица кое станало жртва на криминални организации, е крик упатен кон Бога, Кој го создал мажот и жената на своја слика; крик на обвинение против еден општествен систем, кој со децении го критикуваме, но кој ни е тешко да го промениме според критериумите на правдата“.

Папата заврши со зборовите: „Црквата не може да молчи, црковните институции не можат да ги затворат очите пред несреќниот феномен со децата од улица и жени. Важно е да го привлечеме вниманието на сите христијански деноминации во различните држави, за да се отстранат причините кои ги принудуваат деца и жени да живеат на улица или да се издржуваат од улицата“. Папата ги охрабри учесниците дека „милосрдието е висока манифестација со која Бог ни помага, тоа е патот кој го отвора срцето кон надежта да бидеме секогаш сакани“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот