Папата Фрањо испраќа десет илјади лекови во Турција за да им помогне на луѓето кои се опоравуваат од силниот земјотрес што ги погоди во февруари. Соработката е координирана со турската амбасада при Светиот Престол.
Дикастеријата за делење на помош испраќа повеќе лекови во Истанбул во согласност со желбата на Папата да им пружи поголема помош на жртвите од разорниот земјотрес што ги погоди Сирија и Турција на 6 февруари, при што загинаа околу 50.000 луѓе.
Првата пратка тргна вчера, а новите пратки продолжуваат деновиве. Турската амбасада при Светиот Престол даде насоки и упатства за најитно купените 10.000 лекови.
Соседната Сирија, уништена од земјотрес и војна каде 15 милиони луѓе се во неволја, веќе доби финансиска помош од Папата благодарение на Апостолската нунцијатура која работи на координирање на помошта за населението.
Испраќаме помош со турски авиони, објаснува кардиналот Конрад Крајевски. Ја следиме висината на палетите и нивната тежина. Сето ова е возможно благодарение на помошта од волонтерите.
Веднаш по земјотресот во февруари кој раселени скоро два милиони луѓе во Турција, Дикастеријата за делење на помош испрати лекови, но и конзервирана храна како ориз и туна, термални кошули, пелени и многу други материјали кои можат да бида од помош. Во исто време, префектот на Дикастеријата за Источни цркви, надбискупот Клаудио Гуџероти, ја започна својата мисија во Сирија и Турција.
Во меѓувреме, италијанските бискупи започнуваат кампања за собирање средства за помош на луѓето во Сирија и Турција.
Ватикан њуз/к.мк