Нека Бог му помогне на (неокатекуменскиот) пат во секој момент да го шири Евангелието со радост и безрезервно, со вера и понизна послушност – го охрабри папата Фрањо основачот на Патот, Франциско Кико Аргуело, во писмото со благодарност за подарениот дневник кој го напишала Кармен Хернандез.
Нека Бог му помогне на (неокатекуменскиот) пат во секој момент да го шири Евангелието со радост и безрезервно, со вера и понизна послушност – го охрабри папата Фрањо основачот на Патот, Франциско Кико Аргуело, во писмото со благодарност за подарениот дневник кој го напишала Кармен Хернандез, сооснователка на спомнатото црковно движење, а која почина пред нешто повеќе од една година. Дневникот е веќе објавен на шпански јазик и наскоро би требало да биде објавен и на италијански.
Драги брате – стои во писмото – го примив дневникот на Кармен Хернандез, која го пишувала од 1979 до 1981 година. Благодарен сум за тој дар – пишува Светиот Отец. Напоменува дека го радува тоа што на страниците на тој дневник се покажува сведоштвото на една голема љубов кон Исус, чија светлина, страдањето го претвора во принос, уморот во радост, животот во време за евангелизирање. Нека Бог му помогне на Патот во секој момент да го шири Евангелието со радост и безрезервно, со вера и понизна послушност, правејќи од искушенијата и тешкотиите повод за да се фалиме во Господ Исус (сп. 1Кор 12) – заврши папата Фрањо.
Додаваме на крајот дека Неокатекуменскиот пат е едно од новите црковни движења кој го основаа шпанецот Кико Аргуело и неговата соработничка Кармен Хернандез во 1964 година во Мадрид. Оваа движење себе се смета за катекуменат за возрасни односно пат за христијанско воспитание за современиот човек. Библијата е клучниот елемент на тој пат, а во срцето на неокатекуменатот е Евхаристијата. Неокатекумените на посебен начин го вреднуваат и слават пасхалното бдение, а методолошка специфичност им е катехизицијата и керигматското навестување. Целта им е на посебен начин да го откријат она што им недостасува на христијаните во денешното време и тоа да го надополнат, што на посебен начин го прави откривањето на силата и убавината на Крштението.
РВ/к.мк