Папата: Исповедниците нека бидат татковци, а не мачители
Да го прифатиме повикот за да се помириме со Бог за да станеме нови созданија и да можеме да зрачиме со Неговото милосрдие меѓу браќата, меѓу народот – поттикна папата Фрањо на аудиенцијта во Годината на милосрдието на 30 април 2016.
Да го прифатиме повикот за да се помириме со Бог за да станеме нови созданија и да можеме да зрачиме со Неговото милосрдие меѓу браќата, меѓу народот – поттикна папата Фрањо на аудиенцијта во Годината на милосрдието на 30 април 2016. Во катехезата се истакнува „важниот аспект на милосрдието – помирувањето.“ Со тоа нагласи дека Бог на луѓето никогаш не им ја скратувал својата прошка.
Од поклоници стануваме грешници
Често мислиме дека нашите гревови го одалечуваат Господ од нас: всушност грешејќи ние се одалечуваме од Него, но Тој – гледајќи нè во опасност – уште повеќе доаѓа да нè бара. Бог никогаш не се помирува со можноста некој да остане отстранет од неговата љубов под услов во личноста да најде некој знак на покајание за направеното зло – рече Папата.
Нашите сопствени сили не можат да нè помират со Бог. Гревот навистина е израз на отфрлање на неговата љубов со последицата да се затвoраме сами во себе залажувајќи се со тоа дека наоѓаме поголема слобода и автономија. Меѓутоа разделени од Бог повеќе немаме цел и од поклоници стануваме „скитници“. Кога грешиме – рече Папата – свртуваме грб на Бог. Грешникот се гледа само себе и се прави дека си е самодоволен. Затоа гревот секогаш ја зголемува разделеноста помеѓу нас и Бог која може да стане бездна.
„Дај, помирете се со Бог“
Сеедно ,Исус доаѓа да нè бара како добриот пастир кој не е задоволен сѐ додека не ја пронајде изгубената овца. „Дај помирете се со Бог“ – ги поттикнува апостол Павле првите христијани во Коринт, а неговата опомена исто важи и за сите нас денес – рече папата Фарњо.
Напомена дека многу луѓе сакаат да се помират со Бог, но не знаат како тоа да го направат, не се чувствуваат достојни или не сакаат самите тоа да си го признаат. Христијанската заедница – рече – може и треба да поддржува искрено враќање кај Бог на оние кои за Него копнеат. Исповедниците се повикани да бидат „послушни средства на Светиот Дух за таму каде што изобилувал гревот да може да изобилува милосрдието.“
Исповедта е таинство, не соба за мачење
Нека никој не остане разделен од Бог заради пречка која ја поставуваат луѓе! А тоа важи и за исповедниците. Ве молам да не ставате пречки на луѓе кои сакаат да се помират со Бог. Исповедникот треба да биде татко, треба да го прифати човекот кој му доаѓа за да се помири со Бог и да им помогне во одењето до помирувањето кое го бараат. Тоа е толку прекрасно таинство: не соба за мачење или испитување. Бог Отецот и Исус ги примат и прифаќат тие луѓе и им простуваат. Да се помириме со Бог сите ние – поттикна Светиот Отец.
Искуството на помирување со Бог ни дава да ја откриеме потребата за другите облици на помирување во личните односи и во општеството – продолжи Папата. Некој ми кажа дека во светот има повеќе непријатели отколку пријатели и мислам дека е во право. Но, наше е да градиме меѓу нас мостови на помирувања, започнувајќи од семејствата. Колку браќа се караат и меѓусебно се разделуваат само заради наследството. Но, тоа не е правилно! Оваа е година на помирување со Бог и меѓусебно – истакна папата Фрањо.
Ходочастието на војниците и полицајците
На крајот од катехезата ги поздрави претставниците на вооружените сили и полицијата кои од целиот свет ходочастеа во Рим по повод Јубилејот на милосрдието. Редарствената сила има за послание да го гарантираат сигурното опкружување, за секој христијанин да може да живее во мир. Во вашите семејства и местата каде што работите – поттикна Папата – бидете средства за помирување, градители на мостови и сеачи на мир. Повикани сте не само да спречувате, управувате и да ги донесувате до крај конфликтите, туку и да допринесувате за градење на поредокот заснован на вистината, праведноста, љубовта и слободата.
Одржувањето на мирот не е лесна задача, посебно по војна која ги стврднува срцата и прави насилството и омразата да растат. Ве поттикнувам да не се обесхрабрувате. Одете по својот пат на верата и отворете го срцето за Бог, милосрдниот Отец Кој никогаш не се изморува да ни простува. Пред предизвиците секој ден рефлектирајте ја христијанската надеж, сигурни во победата на љубовта над омразата и на мирот над војната – рече Светиот Отец на војниците и полицајците.
РВ/к.мк