На 10 декември 2019 година чилеански воен авион Ц-130 кој превезувал 38 лица кон Антарктикот, меѓу кои 35 војници и 3 цивили. Во потрагата се ангажирани многу земји. Папата во пораката ја искажува својата духовна близина со чилеансккиот народ
Папата Фрањо преку државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин до војниот ординариј во Чиле, монс. Сантијаго Хаиме Силва Ретамелес му испрати телеграма по повод исчезнувањето на воениот авион, кој во јужниот дел на Чиле е изгубен од контакт. Папата ги следи вестите кои доаѓаат од таа сакана земја, како и за исчезнувањето на авионот на воздухопловните сили кои леташе кон Антарктикот – стои во телеграмата. Папата Фрањо ја гарантира својата духовна близина со чилеанскиот народ и сите семејства, и моли од Господ да им даде надеж во овие моменти на неизвесност и да се помогнат ангажирањата за потрагата и сите кои учествуват во тоа
Авионот исчезнал од радарот после полетувањето
Во потрагата за авионот на чилеанските воздухоплови сили со 38 лица, учествуваат повеќе земји, на пространото подрачје на Антарктикот. Авионот исчезнал од радарот веднаш по полетувањето од Пунта Аренас, во јужниот дел од Чиле. Полетувајќи при добри метеоролошки услови кон чилеанската антарктичка база „Претседател Едуардо Фреи Монталва“ на авионот му се губи трагата во првиот дел од летот, кој требало да трае четири до пет часа.
Мали се надежите за преживеани
На една од прес конференциите командантот Клаудио Алказар рече дека во потрагата учествуваат два трговски брода, два морнарски и 11 авиони од Чиле, Уругвај и Аргентина и се користат снимки од три сателити. И покрај тоа, надежите да се пронајдат преживеани се многу мали – рече чилеанскиот министер за одбрана Алберто Еспина.
Ватикан њуз/к.мк