Папата Фрањо го именува нигерискиот надбискуп Фортунатус Нвачукву за нов секретар на Дикастеријата за евангелизација, во рамките на одделот за прва евангелизација и новите пратикуларни Цркви.
Надбискупот Фортунатус Нвачукву од нигериско потекло е именуван за секретар на Дикастеријата за евангелизација, Одделот за прва евангелизација и новите пратикуларни Цркви.
Канцеларијата за печат при Светиот Престол го објави именувањето во среда, 15 март 2023 година. Надбискупот Нвачукву, титуларен надбискуп на Аквавива, од 17 декември 2021 година, служи како постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации и специјализираните институции во Женева и на Светската трговска организација. Исто така служел и како претставник на Светиот Престол во Меѓународната организација за миграција.
Кратка биографија
Роден е на 10 мај 1960 година. Надбискупот Нвачукву на 17 јуни 1984 година е ракоположен за свештеник на бискупијата Умуахија, Нигерија, а подоцна на 2 април 1990 година е инкардиниран во бискупијата Аба.
Во 2012 година, папата Бенедикт XVI го именува за апостолски нунциј во Никарагва и титуларен надбискуп на Аквавива.
Подоцна, од 2017 година, служел на Антилите како апостолски нунциј во Тринидад и Тобаго, како и во Барбадос, Доминика, Јамајка, Сент Китс и Невис, Свети Винсент и Гренадини и Гвајана. Надбискупот Нвачукву од 2018 година, исто така, служел како апостолски нунциј во Света Луција, Гренада, Бахамите, Суринам и Белизе.
Ватикан њуз/к.мк