Папата именува нов претставник на Светиот Престол во Обединетите нации
Новиот претставник на Светиот престол на Обединетите нации е надбискупот Габриеле Џордано Качиjа, кој ќе го замени надбискупот Ауза.
Папата Фрањо го именува надбискупот Габриеле Џордано Качија за постојан претставник на Светиот Престол на Обединетите нации. На тоа место досегашниот апостолски нунциј на Филипините ќе го замени надбискупот Бернардит Ауза. Монсињор Качија е роден во Милано на 24 февруари 1958 година, а за свештеник е ракоположен во 1983 година. На Папскиот Универзитет Грегоријана докторирал теологија и магистрирал Канонско право.
Во дипломатската служба на Светиот Престол стапил во 1991 година и бил Папски претставник во Танзанија. Од 1993 до 2009 година работел во Одеелот за општи работи на Државниот секретаријат на Светиот Престол, додека од 2009 до 2017 година ја врши службата Апостолски нунциј во Либан. За надбискуп е ракоположен од папата Бенедикт Шеснаесетти на 12 септември 2009 година, додека истиот ден во 2017 година е назначен за Апостолски нунциј во Филипините. Зборува англиски, француски и германски јазик.
Ватикан њуз/к.мк