Папата именува нови членови на Папската комисија за историски науки

Папата именува нови членови на Папската комисија за историски науки

Тројцата нови членови се историчарите Умберто Лонго, директор на Италијанскиот историски институт за средниот век во Рим, Франческо Чезарео, претседател емеритус на Assumption University во Ворчестер, САД, и Ана Барањска, вонредна професорка на Факултетот за хуманистички науки при Католичкиот универзитет „Иван Павле II“ во Лублин, Полска.

Папата Лав XIV именуваше тројца нови членови на Папската комисија за историски науки: професорите Умберто Лонго, директор на Италијанскиот историски институт за средниот век во Рим, Италија; Франческо Чезарео, претседател емеритус на Assumption University во Ворчестер, Соединетите Американски Држави; и Ана Барањска, вонредна професорка на Факултетот за хуманистички науки при Католичкиот универзитет „Иван Павле II“ во Лублин, Полска.

Пат што започнал пред повеќе од 70 години

Папската комисија за историски науки е основан во 1954 година од папата Пиј XII, наследувајќи ја традицијата на Кардиналската комисија за историски студии, основана од папата Лав XIII со апостолското писмо Saepenumero considerantes од 18 август 1883 година.

Работата на Комисијата се одликува со постојано внимание за архивското наследство на Црквата, особено за Ватиканските архиви.

До Папите низ годините биле упатувани бројни апели, со цел на научниците да им се овозможи поширок и подобар пристап до архивските збирки што ги чува Светиот Престол.

Со Комисијата претседава језуитот отец Марек Инглот, а секретар е Пјерантонио Пјати.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот