На 21 јуни 2021 година, папата Фрањо именува дванаесет нови членови на Апостолската сигнатура (Supremo tribunale)
За член во Апостолската сигнатура папата Фрањо го повика поранешниот префект на Конгрегацијата за наука на верата, кардинал Герхард Лудвиг Милер и единаесет други епископи, вклучувајќи ги кардиналите Јозеф Вилијам Тобин, Џејмс Мајкл Харви, генералниот секретар на епископската синода Марио Грек
Покрај нив Папата го именува за член на Апостолската сигнатура и архиепископот Кирил Васил, Д.И., архиепископ и апостолски администратор на Источно католичката епархија Кошице во Словачка
Апостолската сигнатура е основана на почетокот на 17 век и е највисокиот суд на Римската курија, а денес е предводен од кардинал Доминик Мамберти.
Ватикан њуз/к.мк