Папата имал респираторна криза

Папата имал респираторна криза

Папата Фрањо, иако со поголеми болки, денот го поминал во фотелја. Потребна е трансфузија на крв, прогнозата е неизвесна.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол во сабота вечер, 22 февруари 2025 година, ги објави најновите информации за здравствената состојба на папата Фрањо.

„Состојбата на Светиот Отец и понатаму е критична, затоа, како што беше објаснето вчера, Папата не е надвор од животна опасност. Утринава папата Фрањо имаше продолжена астматична респираторна криза, за која беше потребна и примена на високопроточен кислород.

Денешните тестови на крвта открија и тромбоцитопенија, поврзана со анемија, и има потреба од трансфузија на крв. Светиот Отец и понатаму е буден и го поминал денот во фотелја, и покрај тоа што имал повеќе болки од вчера. Во моментов прогнозата е неизвесна “.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот