Папата за Светскиот ден на бегалците: Да покажеме сочувство со милионите бегалци во светот

По повод Светскиот ден на бегалците, кој се одбележува на 20 јуни, папата Фрањо упати апел кон крајот на Генералната аудиенција во средата 18 јуни:

„Бројот на овие наши браќа расте, а во последните неколку дена други илјадници лица беа принудени да ги напуштат своите домови, за да се спасат. Милиони семејства, милиони, бегалци од многу земји и од сите религии ги живеат своите драматични моменти и носат рани кои тешко можат да се исцелат. Да покажеме сочувство, делејќи ги нивните стравови и несигурноста за иднината и да им ги олесниме страдањата со конкретни дела. Господ нека им помогне на луѓето и институциите кои со нивната благородна работа на бегалците им обезбедуваат прифаќање и достоинствои им даваат надеж “.

„Да се потсетиме дека и Исусбил бегалец, требало да избега, за да се спаси, заедно со свети Јосиф и Марија, и мораше да побегне во Египет – додаде Папата. Тој бил бегалец. Да молиме од Богородицца, која ги познава болките на бегалците, да се смилува над овие наши браќа и сестри. Дева Марија, мајка на бегалците, моли се за нас”, заврши Папата.

 РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот