Папата: За навестување на Евангелието треба да се биде радикален, одлучен и секогаш во движење
По својата природа Црквата е во движење, таа не е која седи на едно место и не мирува во својот простор
Да се биде Исусов ученик значи да се биде радикален, одлучен и секогаш во движење како Него – рече папата Фрањо во недела 30 јуни 2019 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, осврнувајќи се на Евангелието од Литургијата, во која свети Лука известува за последното патување во Ерусалим (Лука 9,51-62). Тоа не е само географски и просторен, туку и духовен и теолошки долг пат кон извршување на посланието на Месијата. Исусовата одлука е радикална и потполна, а оние кои го следат се повикани да се огледаат на неа.
Евангелистот денес ни претставува три лика, односно три повика, кои се ставаат на виделина за тоа колку се бара од оној кој сака да го следи Исус до крај – рече Папата и истакна: Првата личност му ветува: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.” (Лука 9,58). Имено Исус ја остава татковата куќа и се откажа од сигурноста како на изгубените овци на својот народ би им го навестил Царството Божјо.
Така на нас, своите ученици, ни покажа дека нашето послание во светот не може да стои на едно место, туку секогаш мора да биде во движење – рече Светиот Отец и додаде: Црквата по својата природа е во движење, не е која седи на едно место и не мирува во својот простор. Отворена е за најширокиот хоризонт, пратена е да го носи евангелието во светот и да дојде до човечките и егзистенцијални периферии.
Втората личност која ја сретнува Исус, директно од Него го прима повикот, но го моли: „Господи, позволи најнапред да отидам да го погребам татка ми!” (Лука 9,59) – рече папата Фрањо и објасни: Тоа е оправдано барање, кое се темели на заповедта да се почитува таткото и мајката (2 Мојсеева 20,12). Меѓутоа Исус одговара: „Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци“ (Лука 9,60). Тие зборови на Исус биле намерно провокативни, сакал да даде предност на наследувањето и навестувањето на Царството Божјо, па и во однос на најважните работи како што е семејството. Важноста за навестување на Евангелието кое го раскинува синџирот на смртта и промовира вечен живот, не дозволува каснење, туку бара потполна подготвеност и расположливост.
Третата личност исто така сака да го следи Исус, но најпрво сака да се прости од домашните, а Учителот му вели: Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо. (Лука 9,62) – рече Исус и нагласи: Да се следи Исус исклучува жалење и гледање наназад и бара крепост за одлучување. Вредноста на тие услови кои Исус ги постави – да се биде во движење, подготвеност и одлука – не е во низата негативни одговори кои се даваат на добри и важни работи во животот. Наместо тоа акцентот треба да се стави на главната цел: да се стане Христов ученик.
Тоа е слободен и свесен избор кој е направен заради љубовта, како би се возвратило на непроценливото Божјо милосрдие, а не начин како самите би се промовирале. Исус сака да бидеме воодушевни од Него и евангелието. Тоа е воодушевување на срцето кое се претвора во конкретни дела на близина, прифаќање и грижа за браќата во најголема потреба, токму како што тој самиот живееше.
Блажена Дева Марија, слика за Црквата на пат, нека ни помогне радосно да го следиме Господ Исус и со обновена љубов да ја навестуваме на браќата Радосната вест за спасение – рече на крајот Светиот Отец пред да ја измоли молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк