Папата: Загадувањето на околината е знак на неодговорност

Папата: Загадувањето на околината е знак на неодговорност

Почитување, одговорност, однос – се трите теми кои папата Фрањо ги истакна во пораката до учесниците на собирот кој под наслов „Лаудато си и големите градови,“ се одржува во Рио де Жанеиро.

Почитување, одговорност, однос – се трите теми кои папата Фрањо ги истакна во пораката до учесниците на собирот кој под наслов „Лаудато си и големите градови,“ се одржува во Рио де Жанеиро, а кој на 13 јули 2017 година, со своето излагање го отвори кардинал Петер Турксон, префект на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој. Во документот Папата упатува уште еден апел до владите да се грижат за околината, не останувајќи пасивни за загадувањето на воздухот и водата.

Почитувањето на создаденото е една од нашите основни задачи – истакна Папата во пораката и спомнувајќи ја токму енцикликата „Лаудато си“, на која што е посветен спомнатиот собир, рече дека не можеме да бидеме со скрстени раце додека чувствуваме силно опаѓање на квалитетот на воздухот или сѐ поголемото производство на отпад кој не се обработува на соодветен начин.

Тие ситуации се последица на неодговорен облик на манипулација со создаденото – предупредува папата Фрањо – затоа од нас бара активна одговорност за доброто на сите. За жал, забележуваме рамнодушност кон нашиот заеднички дом – рече Папата. Таа пасивност го покажува чувството за одговорност; затоа е итно потребно секоја влада да поттикне одговорни начини за делување, за да се почитува околината во која сите живееме.

Истакнувајќи ги во пораката на посебен начин почитувањето, одоговорноста и односот, Светиот Отец рече дека почитувањето на создаденото е должност која ја имаме и кон идните генерации. На таа грижа треба да ги поучиме и другите и да се пренесува – предупреди и ја истакна важноста на водата, и пристапот до вода, која треба да биде основно право загарантирано на сите.

Папата Фрањо не пропушти да ја истакне и важноста на односот кој, како што изгледа во големите градови сѐ повеќе е во тешкотии. Општеството понекогаш се затвора, и се живее во недоверба, недостасуваат корени и се создава одвоеност која пак поттикнува сиромаштво. Ете зошто е потребен заеднички напор на политичко, воспитно и верско ниво за да се воспостават човечки односи кој ги рушат ѕидовите што ги разделуваат луѓето – истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот