Папата: Животот не е скитање без насока, туку е поклонение

На празникот Успение на Пресвета Дева Марија, 15 август 2015 година Светиот Отец ја молеше Богородица „да го сврти својот милосрден поглед кон нас, да го осветли нашиот пат, да ни ја покаже целта и Исус”. Папата Фрањо е првиот Папа кој по 61 години, повторно моли Ангел Господов на 15 август на плоштадот Свети Петар.

Папата посочи дека „верата е вистинската причина за величието на Марија и нејзиното блаженство”. Верата е „суштината на целата историја на Марија”:

„Таа знае и вели дека историјата е оптоварена со насилството на власта, од гордост на богатите, од дрскоста на вообразените. Сепак, Марија верува и вели дека Бог не ги остава сами своите скромни и сиромашни чеда, туку милостиво се грижи за нив и им помага, соборувајќи ги моќните од нивните престоли и ги распрснува горделивите во мислите на нивните срца”. Тоа е верата на нашата Мајка, тоа е верата на Марија – рече Папата.

Божјото милосрдие е двигател на историјата. „Големите работи доверени од Севишниот на Богородица”, додаде Папата, „не се однесуваат само на Марија. Тие не засегаат и нас, се однесуваат за нашиот животен пат, нѐ потсетуваат за целта која нѐ очекува: Божјиот дом”:

„Нашиот живот, виден во светлината на Марија вознесена на небото, не е упорно скитања без насока, туку е поклонение, што покрај целата своја несигурност и страдања, има една сигурна цел: домот на нашиот Отец, кој нѐ очекува со љубов”.

Меѓутоа додека тече животот, Бог прави „за неговиот народ, кој ходочасти на земјата“ да има светол знак и сигурна надеж. Тој знак има свое лице и име:

„Светлото лице на Мајката Господова, блаженото име Марија, исполнета со благодат, блажена, бидејќи поверувала во Божјото Слово: голема верничка. Како членови на Црквата и ние сме одредени со својата мајка да ја делиме славата, бидејќи и ние, благодарение на Бога, веруваме во Христовата жртва на крстот, а преку Крштението, сме вклучени во оваа спасителна Тајна” – истакна Папата.

По молитвата, папата Фрањо потсети на трагедијата во кинескиот град Тијанџин, како и на луѓето, погодени од експлозијата во индустриската зона на градот, која предизвика бројни жртви и повредени: „Молам за загинатите и за сите погодени од несреќата. Нека Бог ги утеши и олесни нивните страдања”.

На крајот Папата ги поздрави жителите на Рим и верниците дојдени од различни делови на светот на плоштадот Свети Петар и ги довери на мајчината грижа на Марија, која секогаш „нѐ следи нанашиот пат”.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот