Папата жали за жртвите од трагедијата во Екатапек

Ватикан, 9.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо, вчера 8 мај, испрати телеграма со сочувство за жртвите во трагичниот инцидент во Екатепек, на север од Мексико Сити, каде што при експлозија на цистерна со течен гас, загинаа 24 лица, меѓу кои 10 деца. Во телеграмата упатена до монс. Оскар Роберто Домингес Коутоленц, епископ на Екатапек и потпишана од ватиканскиот државен секретар кардинал Тарчизио Бертоне, Папата ја изрази својата блискост со сите погодени од трагедијата, ветувајќи дека ќе се моли за нив. Папата Фрањо ја изразува својата „духовна утеха и љубов кон сите повредени”, од кои 13 во тешка состојба, и посакува „нивно брзо и целосно оздравување”. На крајот, упатувајќи молитва кон Пресвета Богородица од Гвадалупе, папата Фрањо го упати и својот „благослов како утеха и надеж во воскреснатиот Христос”. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<