Папата: Евангелизација значи да го прифаќаш ближниот
„Христијанинот е оној кој научил да го пречекува и прифаќа ближниот“. Тоа го истакна папата Фрањо на завршната литургија од својата латиноамериканска посета, која ја служеше во неделата на големото отворена игралиште Ну Гуазу, покрај Асунсион. „Вистинското звање на христијанинот и на Црквата е да ги прифаќаа сите“.
Завршната литургија во Парагвај Папата ја отслужи на истото место каде што Иван Павле II го канонизираше свети Рок Гонзалеја де Санта Круз и неговите другари, за време на неговата посета во 1998 година. Ну Гуазу се наоѓа во внатрешноста на воздухопловната база и може да собере над еден милион лица. Многу од присутните ја минаа ноќта тука, а меѓу нив многу Аргентинци. Подоцна во Асунсион пристигна и аргентинскиот претседател Кристина Киршнер.
Кога Исус gi испраќа своите ученици на мисија, тој им дава „прецизни и јасни правила“, рече Папата коментирајќи го Евангелието на денот (Марко 6,8-11): „Па им заповеда да не земаат ништо за по пат, освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот, но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. И им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, дури не си отидете оттаму“. Во овој текст, „клучниот збор е прифаќањето, гостопримството“, објасни Папата.
„Можеме да кажеме дека христијанинот е оној кој научил да пречекува и прифаќа. Исус ги испраќа апостолите не како властодршци, сопственици, шефови или законодавци, туку токму спротивното: им посочува дека патот на христијаните е да го преобразуваат срце. Да се научи да се живее на друг начин, друг закон и други прописи. Тоа значи да се премине од логиката на себичноста и затворањето, судирот, поделбата и супериорноста кон логиката на животот, на несебичноста и љубовта. Од логиката на доминација, угнетување и манипулација кон логиката на пречек, прифаќање и грижа“.
Според папата Фрањо два се начините на размислување во животот и во мисијата: „Колку пати мислиме на мисијата врз основа на проекти или програми. Колку пати си ја претставуваме евангелизацијата поврзана со илјадници стратегии, тактики, маневри, стремејќи се да ги убедиме луѓето со нашите аргументи. Денес Господ ни кажува многу јасно: во логиката на Евангелието не се убедува со аргументи, стратегии или тактики, туку дознаваме со прифаќајќање на ближниот“.
„Црквата е мајка со отворено срце, подготвена да прифаќа, особено оние кои имаат потреба од голема грижа и кои се наоѓаат во најголеми тешкотии“, објасни Папата. „Црквата е гостопримлив дом. Колку добро можеме да направиме, ако го научиме јазикот на прифаќање! Колку рани и очај може да се излечат во засолниште, каде другиот може да се почувствува прифатен“.
За Папата христијанското прифаќање не е апстракција, туку има конкретни црти: „Гостопримство за гладниот, жедниот, странецот, голиот, болниот, затвореникот, лепрозниот, парализираниот. Гостопримство за оној кој не мисли како нас, за оној кој нема вера или за оној кој ја изгубил. Гостопримство за оние кои се во прогон, за невработените. Гостопримство за различните култури со кои оваа земја е толку богата. Гостопримство за грешникот“.
На овој начин, објасни Папата, „Исус ни открива едно ново размислување. Еден хоризонт исполнет со живот, убавина, вистина и полнота. Бог никогаш не го завршува хоризонтот и не е пасивен пред животот и страдањата на своите чеда. Затоа ни го праќа својот Син, ни го дарува и дели, за да можеме да научиме да одиме по патот на братството и дарувањето“.
РВ/В.Н.