Папата до ѓаконите: Служете надминувајќи го распоредот
Кој го навестува Исуса повикан е да служи, а кој служи го навестува Исуса. Не може да се одвојат „апостол“ од „служител“ – истакна папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше на плоштадот Свети Петар на првиот ден од Јубилејот на ѓаконите.
Кој го навестува Исуса повикан е да служи, а кој служи го навестува Исуса. Не може да се одвојат „апостол“ од „служител“ – истакна папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше на плоштадот Свети Петар на првиот ден од Јубилејот на ѓаконите. Ги повика да го надминат „распоредот“ и да пронајдат време и простор за браќата,секогаш со „кроткост“. Така живеејќи вашата служба евангелски ќе биде плодна – им порача Светиот Отец.
Ѓаконското звање не може да биде друго, туку служење со расположливост и кроткост затоа што Исус прв така постапувал – рече Папата. Ѓаконите треба да бидат на сите служители, прифаќајќи ги оние во потреба, а не на бирократите на кои светите работи и службата на љубовта и парохискиот живот им е одреден со точен распоред.
„Служителот го занемарува распоредот“
„Исусовиот ученик не може да оди по друг пат освен по патот на својот Учител, ако сака да го навестува треба да Го наследува како што правел свети Павле: тежнее да биде слуга. Со други зборови, ако евангелизацијата е послание кое е доверено на секој христијанин на Крштението, служењето е стилот на кој тоа послание се живее, единствен начин на кој може да се биде Исусов ученик. Христов сведок е оној кој прави како што Тој правел: кој служи на браќата и сестрите не изморувајќи се“ од живот на служење.
За тоа е потребно секојдневно вежбање во „расположливоста“. „Кој служи“ – рече Папата – „не е љубоморен чувар на сопственото време, напротив се откажува од тоа да биде господар на својот ден.“ „Кој служи не е роб на направениот распоред туку во кротоста на срцето е на располагање за она непланираното: подготвен за братот и отворен за непредвиденото.“ „Служителот е отворен за изненадувања, за секојдневните Божји изненадувања.“ Тој служи без интерес, отворајќи ја „вратата на своето време и својот простор на оној кој му е близок како и на оној кој чука на вратата надвор од работното време по цена на прекинот на она што му се допаѓа или одморот кој го заслужува.“
„Службеникот го занемарува распоредот. Мене ме боли срцето кога ќе видам распоред – во парохиите – од тогаш до тогаш. А потоа? Нема отворени врати, нема свештеник, нема ѓакон, нема лаик кој ги прима луѓето… Тоа е лошо. Занемарете го распоредот: имајте ја таа храброст да го занемарите распоредот“ – рече папата Фрањо.
„Не е голем оној кој заповеда, туку оној кој служи“
Осврнувајќи се на денешниот евангелски дел и на начинот на кој римскиот војник му пристапил на Исус со молба да му го излекува слугата, рече дека Христос бил погоден од неговата голема понизност, неговата кроткост. Тој пред проблемите кои го погодувале можел да се налути и да очекува дека ќе го послушаат, покажувајќи го својот авторитет; можел да инстистира со уверување па и да го присилува Исус да дојде во неговата куќа. Наместо тоа се направил мал, дискретен: не го подигнал гласот и не сакал да се меша. Се однесува, можеби и не знаејќи, според Божјиот стил кој е „кроток и понизен по срце.“
Ниту во црковната заедница – рече Светиот Отец – не е голем оној кој заповеда, туку оној кој служи. „Секој од нас му е многу драг на Бог, од него љубен и избран и повикан да служи, но на нас пред сè ни е потребно внатрешно лекување. За да можеме да служиме ни треба здраво срце: срце кое Бог го излекувал, кое чувствува дека му е простено и кое не е затворено и тврдо.“
„Драги ѓакони“ – рече на крајот Папата – „можете секој ден да ја барате таа милост во молитвата, во која можете да ги принесувате своите напори, неочекувани настани, заморот и надежта: во вистинската молитва која животот го води до Господ и Господ во животот.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк