Папата Фрањо во своето обраќање пред членовите на Генералното собрание на Синодата во среда 4 октомври 2023 година ги потсети присутните дека Светиот Дух е главниот протогонист на Синодота, никој друг, и повикува на слободно изразување, слушајќи ги сите со почит.
„Протагонисти на Синодата не сме ние, туку Светиот Дух“, рече папата Фрањо, инсистирајќи на тоа дека ако Духот е главен, тогаш и Синодата е добра, а ако не е Тој, „нема да е добра“.
Ова потсетување Папата го даде во своето воведно обраќање за време на отворањето на 16-то Редовно Генерално Собрание на Епископската Синода, која започна во среда 4 октомври 2023 година во Ватикан.
Шеснаесеттото Редовно Генерално Собрание на Епископската Синода ќе се одржи во два дела, односно на две седници, во временски период од една година: првата од 4 до 29 октомври 2023 година, втората во октомври 2024 година.
Светиот Отец го започна своето обраќање посакувајќи им добредојде на присутните и заблагодарувајќи им се за нивната работа, потсетувајќи на иницијативата на папата свети Павле VI за основање на Генералниот секретаријат на Синодата по Вториот ватикански собор за да се олеснат консултациите на Епископската Синода. Тој призна дека Црквата не била отсекогаш подготвена да го води овој разговор, но дека на бискупите и на Божјиот народ им станува сè поважно сега да зборуваат за синодалоста.
„Тоа не е лесно, но убаво е. Многу е убаво“, рече Папата.
Светиот Отец упати посебна препорака до собранието да се прочитаат светоотечки текстови кои ќе им помогнат пред да појдат на нивното синодално патување.
Протагонистот на Црквата нè води за рака
Папата ги потсети присутните дека Светиот Дух е „протагонист на црковниот живот“ кој „ја води Црквата напред“ и е „мајчински“. „Светиот Дух“, рече тој, „нѐ води за рака и нѐ теши.
Светиот Отец повика да се работи на „хармонија“, истакнувајќи дека хармонијата неизбежно ќе остави простор за „нијанси“. Тој забележа ако Синодата ја завршиме на ист начин, „без нијанса, тогаш тоа не е Синода“.
„Светиот Дух е тој што прави, а не ние“
„Посебноста“, рече Папата, „треба да се вгради во Црквата“, подвлекувајќи, „ова треба да го направи Светиот Дух, а не ние“.
Папата предупреди на погрешни карактеризирања за Синодата, наведувајќи дека „не е парламент“, ниту пак средба за пасторал на Црквата“.
И покрај тоа што го пофали печатот за добрата работа што ја прават, тој се пожали што понекогаш се фокусираат на жешките прашања и ги повика да го пренесат интересот на Црквата за „приоритетот на слушање“.
„Секој треба слободно да се изразува“, рече Папата и истакна дека Светиот Дух ќе ги потврди во нивната вера на патот.
„Христос е центарот – водечка нишка на Синодата
Пред обраќањето на Папата, церемонијата во салата Павле VI во Ватикан започна со поздрав од делегатот на коптскиот католички патријарх Ибрахим Исак Седрак од Александрија, Египет, кој истакна како Господ продолжува да ја покажува својата љубов кон Црквата и ја вдахновува Синодата.
Патријархот Седрак призна синодалниот процес не е секогаш е лесен, особено на почетокот, или чист, бидејќи оваа Синода за синодалност беше подготвувана „како консултација на Божјиот народ, на секое крстено лице, секој со својата харизма,на некој начин е уште пожив, пореален и поконкретен“.
Светот, „од нас очекува сведоштво за Воскреснатиот Христос, за животот и надежта“.
„Затоа, Христос е центарот и нека биде водечка нишка на оваа Синода. Нека биде Алфа и Омега на нашите дискусии, нека биде светлината што ги осветлува нашите дебати, нека биде крајниот став на сите наши напори. Се молам Синодата да успее да ги постигне своите цели“.
Света Литургија и Апостолкиот поттик „Laudate Deum“
Светиот Отец во средата наутро ја предводеше светата Литургија на плоштадот Свети Петар за отворањето на Синодата и ги повика верниците да одат со Светиот Дух, „со доверба и радост“.
Исто така, на 4- ти октомври, кога Црквата го празнува Свети Фрањо од Асизи, Папата објави продолжение од неговата значајна енциклика за животната средина од 2015 година, Laudato si’: за грижата за нашиот заеднички дом.
Документот Laudate Deum, е Апостолски поттик што папата Фрањо го опиша како поглед на моменталната еколошка ситуација и она што треба да се направи.