По повод претстојното Апостолски патување од 31 мај до 2 јуни 2019 година во Романија, Светиот Отец упати видео порака: „Веќе ја чувствувам радоста да се сретнам со патријархот и Постојаниот Синод на Романската Православна Црква, како и со пастирите и католиците”.
„Доаѓам во Романија, убава и пријателска земја, како поклоник и брат, се заблагодарувам на претседателот и на другите државни власти за поканата и за нивна целосна соработка. Врските на верата, кои нѐ обединуваат, датираат од апостолите, посебно со врската која ги обединуваше свети Петар и Андреј, кои според традицијата ја донесоа верата во вашата земја. Крвни браќа, кои исто така ја пролеаја крвта за Господа. И меѓу вас имало многу маченици, дури и во поново време, како седумте источно католички епископи за кои ќе ја имам честа да ги прогласам Блажени. Она за што страдаа и ги додоа животите е премногу скапоцено наследство што не треба да биде заборавено. Тоа е заедничко наследство кое бара од нас да не се дистанцираме од братот.
„Доаѓам меѓу вас за да одиме заедно. Да одиме заедно и да внимаваме на корените и семејството, да се грижиме за иднината на децата и братот кој е до нас, да поминеме на другата страна од стравовите и сомневањата, да ги отстрануваме бариерите кои нѐ одделуваат од другите”.
На крајот Папата „срдечно се заблагодари” на сите кои ја подготвуваат неговата посета, при што ја гарантира својата „молитвена близина”, споделувајќи го својот апостолски благослов. „И ве молам, молете се за мене. Догледање!”.
Ватикан њуз/к.мк