Папата до новинарите: Навестувајте го Евангелието на мирот

Папата до новинарите: Навестувајте го Евангелието на мирот

„Продолжете да ги барате сите технолошки и социјални средства со кои ќе соработувате во универзалната мисија на Црквата за навестување на Евангелието на мирот”. Ова охрабрување го упати папата Фрањо кон сите професионални работници од католичките масовни медиуми, кои се собрани од 19 до 22 јуни 2017 година во Квебек, Канада, за Светскиот конгрес на SIGNIS, Меѓународната католичка асоцијација за комуникација.

Направете ја надежта достапна за секој

Во пораката, упатена до монс. Дарио Вигано, префект на Секретаријатот за комуникации и потпишан од ватиканскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, Папата посакува Конгресот да вдахне „надеж достапна за секој, токму таму каде што животот ја познава горчината од неуспехот”. На крајот Папата го упатува својот благослов до сите учесници на настанот.

Новинарите, сведоци на надежта

Поздрав до учесниците во Конгресот упати и кардинал Жералд Сиприен Лакроа, архиепископ на Квебек, кој истакна дека „оваа средба овозможува на вработените во медиумите да го валоризират својот непроценлив придонес во сведоштвото на човечката надеж”. Вие – пишува кардиналот во пораката до новинарите – „сте валидни амбасадори на плодовите кои ги дава Словото Божјо”. Оттука и неговиот повик да „продлжат со радост и надеж, што е и мисијата на масовните медиуми во светот”.

Младите, верата и социјалните мрежи

Централно место на Конгресот зазема и размислувањето за верското и духовното учество на младите кои ја споделуваат својата вера на социјалните мрежи. Во програмата на Конгресот е претставена анализа на односот помеѓу музиката и надежта и „како да не се обесхрабруваме во кризни ситуации”.

Награда за режисерот Мартин Скорсизи

Меѓу многубројните работилници во програмата, имаше и такви кои беа посветени на меѓурелигискиот дијалог, животната средина, барањето на вистината во контекст на т.н. “fake news”, и враќањето на религиозните мотиви во киното. Во овој контекст, учесниците во Конгресот присуствуваа на проекцијата на филмот “Silence”, кој говори за историјата на тројца свештеници исусовци, прогонувани во Јапонија во XVII век поради верата. Режисер на филмот е Мартин Скорсизи кој на 21 јуни е удостоен со наградата “SIGNIS за високо постигнување во филмската уметност”.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот