Папата до младите: Младоста треба да ја вложите во големи идеали

Ватикан, 21.4.2013 /к.мк/ – Повторно и оваа недела се собраа огромен број верници, поклоници и посетители на плоштадот Свети Петар, заедно со папата Фрањо да ја молат молитвата Небесна Царице.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Четвртата воскресна недела се карактеризира со читање на евангелието за Добриот Пастир кое се чита секоја година. Во денешниот дел ги слушаме следните Исусови зборови: Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никогаш не ќе ги отме од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот едно сме. (Иван 10,27-30) Во тие четири редови се содржи целата Исусова порака, тоа е сржта на неговото евангелие: Тој нè повикува да бидеме учесници во неговиот однос со Отецот, а тое е вечниот живот.

Исус сака да воспостави со своите пријатели однос кој е одраз на оној однос што Самиот Тој го има со Отецот: тоа е однос на взаемно припаѓање со полна доверба, во интимно заедништво. За да го изрази тој однос на длабоко познавање, тој однос на пријателство Исус ја користи сликата на пастирот и неговите овци: Тој ги повикува и тие го препознаваат неговиот глас, одговараат на неговиот повик и го следат. Прекрасна е таа парабола! Мистеријата на гласот е сугестивна: да помислиме како уште од утробата на нашата мајка учиме да го препознаеме нејзиниот и татковиот глас; по тонот на нечиј глас препознаваме љубов или презир, љубов или ладност. Исусовиот глас е единствен! Ако научиме да го препознаваме, Тој ќе не води по патот на животот, по патот кој води надвор од провалијата на смртта.

Но Исус во еден момент рече, мислејќи на своите овци: Мојот Отец, што Ми ги даде,…(Иван 10,29). Тоа е многу важно, тоа е длабоко таинство кое не е лесно да се сфати: ако јас чувствувам дека Исус ме привлекува кон себе, ако неговиот глас во моето срце внесува топлина за тоа можам да му благодарам на Бог Отец Кој во мене всади желба за љубов, вистина, живот, убавина… а Исус е сето тоа во полнина! Тоа ни помага да ја сфатиме тајната на повикот, посебно звањата со посебно посветување. Понекогаш Исус нѐ повикува, нѐ повикува да го следиме, но може да се случи да не сме свесни дека е Тој, како што се случило со младиот Самуел. Денес овде на плоштадот има многу млади. Многу сте, зар не! Се гледа… Еве! Многу од Вас денес се тука на плоштадот…  Дали сте го слушнале? Не слушам? Еве гледате… дали сте ја почувствувале желбата да бидете Исусови апостоли? Младоста треба да ја вложите во големи идеали. Дали Вие мислете на тоа? Се согласувате ли? Прашај го Исус што сака од тебе и биди храбар! Биди храбра! Прашај го! Во позадина и пред секој повик на свештенство или посветен живот секогаш се крие нечија силна и упорна молитва: на некоја баба, некој дедо, некоја мајка, некој татко, некоја заедница… Еве затоа Исус рекол: затоа помолете Го Госодарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва. (Матеј 9, 38). Звањата се раѓаат преку молитва и со молитва; и само со молитва можеме да трпиме и да донесеме плодови. Ми се допаѓа што тоа можам да го истакнам денес кога се слави Светски ден на молитва за звања. Да молиме посебно за новите свештеници на Римската бискупија кои ова утро ги ракоположив. И да се повикаме на застапништвото на Марија. Денес десет млади рекоа „да“ на Исус и ова утро се ракоположени за свештеници! Тоа е убаво! Да се повикаме на застапништвото на Марија, жена која рекла „да“ на Бог. Марија рекла „да“, го предала на Бог целиот живот! Таа научила да го препознава Исусовиот глас уште кога го носела во своето крило. Нека Марија, нашата Мајка, ни помогне подобро да го препознаваме Исусовиот глас и да го следиме, за да чекориме по патот на животот! Благодарам!

Голема благодарност за поздравот, но поздравете го Исус. Викајте „Исус“!, силно… Да се помолиме сите заедно на Богородица

По молитвата Небесна Царице

Внимателно ги следам случувањата во Венецуела. Ги следам со големо внимание, силна молитва и надеж дека се бараат и дека ќе се најдат вистински и мирни патишта за надминување на периодот на големи тешкотии низ кои поминува земјата. Го повикувам драгиот венецуелски народ, посебно највисоките претставници на институциите и политиката, одлучно да го отфрлат секој облик на насилство и воспостават дијалог втемелен на вистината, взаемното разбирање, барање на заедничкото добро и љубовта кон народот. Ги повикува верниците да молат и работат за помирување и мир. Да се соединиме во молитвата исполнета со надеж за Венецуела, доверувајќи ја Нашата Богородица од Коромота.

Во мислите сум и со оние кои се погодени од земјотресот кој го погоди југоистокот на Кина. Да се молиме за жртвите и сите кои трпат од силниот земјотрес.

Денес попладне во Сондрија ќе биде прогласен за блажен дон Николо Руска, свештеник кој живееше на крајот на XVI и почетокот на XVII век. Долго време беше примерен парох во Сондрија и убиен е во политичко – верските борби кои се водеа во Европа во тој период. Да му воздадеме благодарност на Бога поради неговите сведоштва!

Превод: Си.М/Д.И

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<