Папата Фрањо во Ватикан прими делегација од стотина членови на Обединетото здружение на хуманистичкиот будизам, заедно со делегат на Католичката црква во Тајван, по повод нивното меѓурелигиско едукативно ходочастие во светите места на Католичката Црквата.
Во време како што е денешното, во кое сè побрзите промени на човекот и планетата се комбинираат со сè поинтензивен ритам на живот и работа, светите места создадени од верниците како „оази на средбата“ придонесуваат за целосно образование на човекот. Затоа што френетичниот ритам се одразува и во верскиот живот и култура и бара соодветна формација и воспитување на младите. Ова го рече папата Фрањо при обраќањето пред делегацијата од повеќе од стотина тајвански будистички монаси, членови на Обединетото здружение на хуманистички будизам, кои ги прими во Ватикан во четврток 16 март 2023 година, заедно со делегат на Католичката Црква во Тајван, по повод нивното меѓурелигиско едукативно ходочастие во светите места на Католичката Црквата.
Вашата посета, која ја нарековте едукативно ходочастие, е привилегирана можност за унапредување на културата на средба, во која го преземаме ризикот да се отвориме кон другите, верувајќи дека во нив ќе откриеме пријатели, браќа и сестри и на овој начин учиме и откриваме повеќе за себе. Имено, искусувајќи ги другите во нивната различност, ние сме охрабрени да излеземе од себе и да ги прифатиме и да ги прифатиме нашите разлики.
Меѓурелигиското едукативно ходочастие може да биде извор на големо збогатување – истакна Папата – и да обезбеди повеќекратни можности за средба, запознавање и вреднување на нашите различни искуства. Културата на средба, имено, гради мостови и отвора прозорци кон светите вредности и принципи кои ги вдахновуваат другите. Ги руши ѕидовите кои ги раздвојуваат луѓето, кое ги држат заробени во предрасуди, предуверувања или рамнодушност.
За христијаните, Бог кој стана еден од нас, во човечноста на Исус, продолжува да нè води на ходочастието на светоста, благодарение на што се обновуваме и растеме во нашата сличност на него, и така, според зборовите на свети Петар, ние стануваме соучесници на божествената природа.
Светиот Отец потоа потсети дека низ историјата верниците создавале свети времиња и простори како оази на средба, каде мажите и жените можат да црпат вдахновение потребно за мудар и добар живот. Така, тие придонесуваат и за целосно восипитание на човечката личност.
Таквите оази на средби се уште попотребни во нашево време, во кое постојаното забрзување на промените во човештвото и на планетата денес се комбинира со сè поинтензивен ритам на живот и работа. Тоа се рефлектира и во верскиот живот и култура и бара соодветна формација и воспитување на младите луѓе за безвременски вистини и докажани методи на молитва и градење мир.
Религиите отсекогаш имале тесна врска со образованието, придружувајќи ги верските активности со образовни, училишни и академски активности – истакна Римскиот бискуп. И денес, со мудроста и човечноста на нашите верски традиции, сакаме да бидеме поттик за обновена воспитно-образовна активност која може да направи да расте општото братство во светот.
Драги пријатели, моја желба е ова едукативно ходочастие, водени од мислите на вашиот духовен учител Буда, да ве доведе до подлабока средба со себе и со другите, со христијанската традиција и убавината на земјата, нашиот заеднички дом.
Вашата посета на Рим нека биде полна со моменти на вистинска средба, кои можат да станат драгоцени можности за раст на знаењето, мудроста, дијалогот и разбирањето – посака на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк